Се отвори Даниел од Ѕвездите на Гранд и ја кажа целата вистина за неговиот живот во Париз

0

Македонецот Даниел Тренчовски се истакна во натпреварувањето на „Ѕвездите на Гранд“, поради тоа што има интересен имиџ- тој е рокер и има интересна приказна, живее во Париз.

Курир.рс во една преилика напиша дека во ова музичко натпреварување се случи невидена ситуација. Кандидатот Даниел Тренчовски, кој доаѓа од Париз, а по потекло е од Македонија, за свој ментор го избра Драган Стојковиќ Босанац.

И ова не би било чудно овој натпреварувач да не е рокер. 28-годишниот Даниел со својот настап доби „да“ од петте члена на жирито, меѓу кои беше и познатиот фолкер, но ја немаше поддршката од рокерот Ѓорѓе Давид.

Му даде паничен глас, бидејќи не му се допаѓа како ги изведува песните „Лажеш злато, лажеш душо“ од Бијело Дугме и „Дигни руку“ од Галија. Кандидатот доби критики и од поранешниот пејач на генерација 5, додека други го пофалија.

Кога дојде редот да избере ментор, тој ги изненади сите со својата одлука: Јас го избирам Босанац!

– Добро сторено! – извика Вики. Саша Поповиќ го интересираше зошто Даниел го избра Драган Стојковиќ.

– Мислам дека имам голем проблем со дикцијата, Македонец сум. Мислам дека најмногу би ми помогнал во дикција и при дишењето – ја објасни својата одлука Тренчовски.

– Ја поздравувам мојата Франција, единствениот град во кој би живеел покрај Белград е Париз – рекол Босанецот и ги насмеал колегите и публиката во студиото, а потоа додал дека го прифаќа кандидатот, што било прифатено со ентузијазам.

– Браво, Боске, мајсторе!- викна Поповиќ.

– Се договоривме, дикцијата ќе ја поправиме. И дишењето, ќе ти најдеме девојка од Белград, да дишеш убаво и се ќе биде во ред.

Имам уште нешто да додадам. Дали сакаш да дојдете во Белград или јас да дојдам во Париз? – се пошегувал на крајот Босанецот.

Даниел за жал не го продолжи натпреварувањето по третиот круг, и откако тоа се случи, тој на својот Инста профил им се обрати на оние кои го поддржуваа:

– Драги луѓе, дали мислите дека мојата изведба на песната е достојна за третиот круг?

За жал, како што видовте, мојата авантура во натпреварувањето заврши синоќа. Жал ми е, бидејќи можев да покажам многу повеќе. Благодарност и до мојот ментор, кој секој пат се трудеше да ме подготви за настапот.

Звезде Гранда ми даде силен ветер во мојот грб. Но, ова е само почеток! Наскоро очекувајте некоја вест што ви ја подготвувам во знак на благодарност што секогаш сте со мене“, стои во оваа објава.

Даниел и понатаму живее во Париз, а во Женски магазин, тој раскажал како всушност живее во престолнината на Франција и изјавил:

-Станувам после пладне… нормално ме буди мојот аларм (моето маче кое почнува да прави хаос по дома). A првото кафе скоро секогаш го пијам покрај моето електрично пијано.

Од страна изгледа дека имам многу слободно време, но искрено премногу сум посветен на мојата кариера иако секако можам да се организирам и да одвојам време за работи кои ми се битни“, рекол Даниел.

Потоа, открил каде настапува и кажал како вистински го чувствува Париз и дали Париз е навистина убав град и дали би останал таму да живее и понатаму.

– Обврски и планови освен музиката ми се моите миленичиња и максималната грижа за нив, за сега… Излегувам често но викендите секогаш ги поминувам работно. Настапувам најчесто во околината на Париз.

Искрен да бидам размислувам да се преселам … тука живеам 8 години и веќе чувствувам дека ми треба некое мирно место (топло).

Париз е преубав град ама само за туристи. Ако некој ви каже дека не е така, ве лаже!“, изјавил Даниел Тренчовски.

Претходна статијаСопругата на Јодан Митев е вистинска убавица, нивната љубовна приказна е како на филм (ФОТО)
Следна статијаВљубена сопруга- ова го изјави водителката Александра Илиевcка со својот сопруг имењак, секој маж би сакал да слушне вакви зборови