Викторија Лоба се пофали каква домаќинка е, блазеси му на Ѓорѓи со ваква жена (ФОТО)

0

Сфатив дека музиката ќе биде мојата професија и мојот живот, кога за прв пат настапив на големата сцена на детската Евровизија во Копенхаген во 2003 година.

Не постои посовршено чувство од таа магична енергија која ја давам и примам назад, како фидбек од публиката.

Тоа е мојата храна, верувам моите колеги го имаат искусено тоа чувство, после кое нема назад“, рекла во една прилика во Женски магазин Викторија Лоба.

Мојата основна цел во животот е да сум секогаш среќна и слободна да го правам тоа што ме прави радосна. Секогаш се трудам сите проблеми да ги прифатам со позитивни емоции и да ги решам така.

Животот ме научи да не се разочарувам, туку да си давам шанса и да се поправам за која било грешка.

Ако ме прашувате за моите цели на професионален план, секако работам секојдневно на тоа“; изјавила пејачката.

На 17 години глумев во „Лоли та“ во Драмскиот театар заедно со Александар Микиќ, Сашо Тасевски и многу други глумци. Тоа е одличен предизвик, така што доколку би добила понуда за филм, ако ми се допаѓа сценариото сигурно би прифатила.

Знаат дека сум таков карактер кој сака да има мала доза контрола на одреден дел од работите. Инаку, досега имам снимено многу реклами и спотови што значи дека имам искуство и во тој поглед.

Јас сум личност која што сака да им се „меша“ во идеите со режисерите, најчесто и го правам тоа кога сме на сет, кога ги снимаме моите спотови.

Им давам предлози бидејќи сакам да оставам некој свој печат. Верувам дека ќе ми простат.

Денот го почнувам со тоа што правам смути од протеини, банана, замрзнато овошје и малку млеко – појадок кој ме држи сита“, рекла во една прилика Викторија за Хибрид.мк

Сакам да внесувам протеини бидејќи многу добро влијаат на мојот метаболизам. Исто така обожавам зелена салата, понекогаш (дури и за вечера) ми е доволна во комбинација со домат и краставица.

Многу спортувам, сакам да џогирам, сакам да се искачувам на планини, а во зима сакам да скијам. Сметам дека секоја девојка за да изгледа убаво, прво треба да се сака себеси, но и да се грижи за внатрешната убавина.

Треба да се најде баланс, во однос на грижа за своето тело. Спортот, во комбинација со правилна исхрана, добро расположение го дава идеалниот баланс. Знаете како велат – најубавите луѓе се оние најсреќните“, изјави за hybrid.mk Викторија.

Инаку, Викторија е со нејзиниот сакан Ѓорѓи долги години. Во една прилика, таа има изјавено: Ние сме заеднодолги години, потписот во овој момент не би значел ништо. Но, Лоба и Ѓорши се предомислија и тајно се венчаа во Охрид.

По долги години љубов, Викторија Лоба и нејзиниот избраник одлучија да ја крунисаат љубовта со црковен брак во Охрид минатото лето, а потоа направија и свадба во Скопје.

Лоба (33) се омажи за саканиот Ѓорѓи во црквата Свети Јован Канео. Во долга бела венчаница и со плетенка во косата, Лоба блеска на својот голем ден.

Венчаницата е дело на дизајнерката Моника Коцарева, која е долгогодишна пријателка на Лоба, а на свадбата таа облече краток фустан и запеа за гостите.

Убавата пејачка сега се пофали каква домаќинка е и шетна слика на Инста стори од она што зготвила по дома. Викторија напишала дека обожава да готви и да експертиментитра во кујната.

Блазеси му на сопругот Ѓорѓи со ваква домаќинка, зашто ова што го покажала Викторија, навистина изгледа вкусно.

Претходна статијаCветлана- свекрвата не ми даваше да дишам, ми се изнавика пред цело село, ама кога јас ѝ се пуштив…
Следна статијаСопругата на Јодан Митев е вистинска убавица, нивната љубовна приказна е како на филм (ФОТО)