Снеже Велков проговори за својот Дарко и какви очекувања има од него: Сакам маж ми да ми носи кеси (ФОТО)

0

Во новото интервју на „Жешко Столче“, гостуваше Снеже Велков и проговори на многу интересни теми, започнувајќи од тоа зошто секогаш е позитивна и носи насмевка на себе:

-Мислам дека позитивноста и насмевката е генерално моја одлука, така да и заради тоа сум насмеана и позитивна. Одлучувам така да се чувствувам, бидејќи ако одлучам да се однесувам онака како што диктира околината, нема да биде позитивно.

„Работиш повеќе професии, која те исполнува највеќе?“

-Па, мојата прва љубов е секако телевизијата, така да тоа е она што најмногу ме исполнува и во кое вложувам најмногу енергија и најмногу љубов.

„Во моментов си посветена на твојата емисија „Нешто конкретно.“ Дали некој те има одбиено да ти гостува?“

-Да, значи тоа се случува често. Имаат некои обврски или заради новиот формат на емисија, кој што досега не се појавил во земјава.

Не дека е измислено топла вода, меѓутоа сѐ уште не се навикнати дека треба да дојдат и да зборуваат за теми кои што не се поврзани со нивната професија, со нивната преокупација, со тоа што се, туку треба да зборуваат за општи теми.

Така да, јас комплетно ги разбирам и им ги праќам линковите и им кажувам, „погледнете, кажете“ и се случува, да речеме, многу често, првпат да ме одбијат и после тоа да сакаат самите да дојдат во емисија.

„Во каква релација со со Миа Костова?“

-Одлични. Таа тема е затворена, а потоа проговори за социјалните мрежи и дали заработува од нив.

-Инстаграм платформата ми е за себепромоција, за мотивирање на сите оние кои што им треба дополнителна мотивација, за искажување на моите мисли.

Инфлуенсерка во смисла, дали имам некое влијание на публиката која што мене ме следи, да.

„Тешко ли се наоѓаат спонзори кај нас?“

-Тешко се наоѓаат, меѓутоа мора да бидеш упорен, да имаш добар производ, да покажеш дека вредиш, е тогаш ќе ти биде лесно.

Снеже проговори за односот помеѓу маж-жена, а го спомена и својот сопруг Дарко, кој ретко го покажува на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Снеже минатата година гостуваше во емисијата „Опуштено со Тони“. Дента кога емисијата се снимала, нејзиот сопруг Дарко славел роденден и таа рекла убави зборови за својот сакан.

-Никогаш не сум му се обратила јавно, и никогаш не сум му заблагодарила јавно. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на мојот сопруг, којшто 15 години е со мене, и ги трпи сите мои падови, сите мои еуфорични испади.

Сакам да му се заблагодарам затоа што заеднички растевме, сакам да му се заблагодарам затоа што имавме многу конструктивни расправии при коишто станавме и поголеми, и поразбрани, и многу покреативни.

А, најмногу од сѐ сакам да му се заблагодарам затоа што ги имаме двајцата прекрасни синови, Ален и Дарин, и се надевам дека ќе си продолжиме уште три пати по 15 години, ако се малце и понатаму, среќен ти роденден“, рече Снеже. Додека зборуваше, ја зовладаа емоции очите ѝ се насолзија.

Во Жешко Столче, таа проговори кои очекувања ги има од својот Дарко:

-Jaс кога пишувам на мојот Инстаграм профил, често знам да напишам за тој однос помеѓу мажите и жените. Сакам да кажам, сакам што сме различни. Сакам мажите да бидат мажи и не сакам сама сѐ да правам.

Сакам маж ми да ми носи кеси, сакам маж ми да дојде да ми помогне ако не знам да ја паркирам колата, сакам ако ми е ладно да ми даде да се нагрнам.

Сакам тој да заврши одредени работи, не морам сѐ јас сама. Зошто тој да не го помести каучот, јас ли ќе се мачам сама.

Мислам дека треба да дозволиме мажите да бидат мажи, жените да бидат жени и така ќе бидеме рамноправни, а не еднакви, рече Снеже.

Претходна статијаАгнеса кај Лазаров проговори дали била изневерена од Боби (ВИДЕО)
Следна статијаСлаткар искрено раскажа за бракот со Сања