Вљубена сопруга- ова го изјави водителката Александра Илиевcка со својот сопруг имењак, секој маж би сакал да слушне вакви зборови

0

Осум ипол месеци откако ја роди својата ќерка Сања, познатата водителка Александра Илиевска, повторно се врати во ТВ студио, овој пат, во студиото на Канал 5, во 2021 година.

По ангажманот во шоуто „Брза кујна“ на „Сител“, Александра сега е уигран дел од екипата на Утринската програма на Канал 5 ТВ.

Шарматната водителка во 2021 година изјави дека чувствува грижа на совест кога оди на работа и ја остава дома малата Сара, но мајка ѝ е голема поддршка околу грижата за ќерката.

Сега ќеркичката сара има две години, таа славела роденден на 23 јануари, а на Александра одлично и оди на новото работно место во Канал 5.

-Враќањето на работа по долго породилно одстуство во комбинација на старт на пандемија беше предизвик само по себе“, рекла за Женски магазин Александра и додала:

За разлика од било кога времето во кое јас бев бремена беше различно во секој сегмент, а најмногу од здраствен но се совлада и тој предизвик како и патот на бременоста. Сè мина во најдобар ред, а времето летна.

Благодарение на мојата колешка Милена од Канал 5 добив информација дека ќе го прошируваат тимот на Утринска и ќе се прави целосно нов концепт, а по разговор со Иван С. Мирчевски добив понуда и договор кој значеше старт на едно ново поглавје во мојот живот и враќање на работа во време кога Сара има само 8,5 месеци“, раскажа Александра.

Таа сега на социјалните мрежи објавува доста интересни слики со своето семејство, како уживаат на панина, покрај езеро, но во прошетки во парк.

Во Канал 5 е одлично, тимот амбиентот и работниот предизвик. Имам супер колеги и одговорни, одлична нова патека на која мислам дека успехот е загарантиран, секако со многу посветеност и тимска работа“, вели Александра.

Инаку, неа гледачите ја следат во ист термин со колегите Вера Мештеровиќ, Јелена Спенџарска, Бубе Јаневска-Ивановска и Роберт Јанков.

– Современиот начин на живот ги поместува границите за основање на семејство. Оптималното време кога жената треба да остане бремена е кога емоционално, ментално и финансиски е подготвена, а тоа се разликува од жена до жена.

Дали навистина постои вистинско време… Како што излегува, секој што ќе го прашате ќе ви даде поинаков одговор. Да се биде во можност да создадете живот е еден од најубавите подароци што им се дава на жените.

Сметам дека никогаш нема да сме целосно подготвени за сé во животот, а во многу наврати животот ни докажува и покажува дека не секогаш работите можеме да ги планираме.

Најдобро е да уживаме во сé што ни се случува и кога ни се случува бидејќи некои работи во животот едноставно требало да се случат кога тоа бил вистинскиот момент“, е советот на Александра кој го дала во „Ринге раја“.

Бременост, брак, купување на кола, стан или што и да ви е во моментот на ум… Секогаш барајте позитивни работи, па дури и во негативните исходи, бидејќи каде што е застапена црната боја, секогаш се надополнува белата за баланс.

Верувајте им на интуицијата и срцето, тие никогаш нема да ве излажат. Секогаш имајте резервен план.

Во Женски магазин, Александра има зборувано како им се поделени о бврските дома со нејзиниот сопруг Александар и при тоа. оваа наша позната водителка рекла:

– Со Александар немаме генерална поделеност на домашните обврски. Секогаш се трудиме да си го олесниме секојдневието и животот со тоа што обврските ги завршуваме заедно.

Вистински среќни партери се исполнети партнери, парнери кои се реализирани и кои ги знаат потребите и она што навистина поттикнува среќа“.

Потоа Александра раскажала како се запознале со Александар, и одговорила на прашањето: Кои се неговите најубави особини и најважни квалитети?

– Со Александар се запознавме преку моја другарка од средно, и живoтот не би можела да си го замилам како би ми се одвивал да не го запознаев бидејќи ми е најголемата поддршка во секој сегмент од животот.

За да ги опишам неговите најубави особини и најважни квалитети ќе ми требаат многу зборови и ова интервју ќе е најдолгото, па затоа ќе кажам наједноставно дека тој е сè она што јас посакував“, изјавила водителката.

Претходна статијаСе отвори Даниел од Ѕвездите на Гранд и ја кажа целата вистина за неговиот живот во Париз
Следна статија„Мерак меана“ се пресели на ново место, а не е студиото на „Сител“- Даниела Темелковска е главна (ВИДЕО)