По подолго време се огласи Цули Софијанова – објави слика со еден од најпознатите пејачи на Балканот (ФОТО)

0

На јавноста и е познато што се случуваше со една од нашите најпознати доктори, Аспазија Цули Софијанова минатата есен, кога по прилогот на новинарот Фуркан Салиу, таа си поднесе оставка од позицијата директор на Детска клиника.

Во едно постарои интервју за Репортер.мк докторката Аспазија Софијанова проговори за нејзините почетоци, разводот од сопругот и нејзиното детство.

Најпрво, таа кажа од каде доаѓа нејзиниот прекар Цули, по кој е позната:

-Прво во малото кај што растев, Трнодол и Крушево.

Тоа се места каде што прво заживеа името Цули, нагалено од Аспазија, Аспасула, обично Грците и Власите тоа знаат.

Аспасула, Сула, Цула, Цули, ете така е дојдено. Ако имате познати од таа национална припадност, ќе видите дека има доста често Цула, Цули и оттука нагалено е Цули.

Јас се сеќавам мојот татко кога ќе ми се обрати со Цула, тоа значи дека сите граници сум ги надминала и сум направила нешто што не треба, како мала се сеќавам.

-Гимназија завршив во Јосип Броз, еден дел, а еден дел и во Америка. И во тоа време, секогаш имаше, „КАКО?“, нели невообичаено име.

На територијата на нашата држава ретко да најдете второ име, Аспазија, мислам дека има една во Охрид.

За животот кој потоа следеше за д-р Софијанова, таа го започна со зборовите дека тој е непредвидлив, особено кога студиите ги започнала на 21 година, а во меѓувреме ги родила двете ќерки.

-Животот е непредвидлив, од овој агол гледано, никогаш не знаете што носи денот и никогаш не кажувајте никогаш. Многу од работите и во сите амбиции, јас бев ученик на генерација во Јосип Броз и во Владо Тасевски, учењето не ми било проблем.

-На 21 година ја родив Марија. И тоа беше многу интересно што јас морам да кажам јавно, дека раѓањето на моите деца и покрај тоа што моите амбиции останаа во медицината, да бидат и да се поништуваат оценки за да биде што може максимално од себе да се даде, заради себе.

Јас никогаш во животот не живеам за другите и тоа искрено го чувствувам. Честопати луѓето, коментирајќи го тоа како сум облечена и како се однесувам, тоа не го правам заради нив.

Можам да им се насмеам ако им се допаѓам или едноставно премолчам ако не им се допаѓа.

Ја родив Марија и не мислам дека згрешив и покрај тоа што тоа беше доста рано за една амбициозна особа, како што сум јас.

Гледањето на децата е многу комплицирана и комплексна работа ама ете јас ја имам Божјата дарба да родам две здрави деца, многу брзо, едно по друго.

Во мене стоеше една сериозност и покрај тоа што знаев дека е доста рано, ми следи факултетот и сите останати амбиции околу тоа, овие две деца се најбитното нешто што можело да ми се случи.

За разводот, Цули проговори: За ова не проговорувам толку често бидејќи неслучајно кажано е дека спасувањето на една заедница е убава и паметна работа, ако може тоа да се направи како така.

Децата се голема рефлексија во однос на заедницата која живеете, но ако некои од работите излезат надвор од контрола, тогаш подобро велат, развод отколку една искривена заедница, во која вредностите се изгубени и веќе не се наоѓате во неа.

Таа проговори што всушност значи нејзиното име кое многу одговара со нејзината професија:

-Аспазија, тоа е име кое е наследено, бидејќи потекнувам од една извонредна традиционална фамилија, семејство каде што до ден денес се трудам тие традиционални вредности да ги држам до себе и да ги наметнам на моите две деца.

Со оглед на тоа што, кога се родив јас, како прво дете во фамилијата, женско, мојата баба која се викала Аспасије, практично сум крстена на неа.

Меѓутоа, знаете како, секое име има и свој превод и генерално бидејќи сум со национална припадност Влаинка, името има во себе има една грчка нота, во расчленување на истото.

Значи како „А“, спазам и во медицината и во општо литературата значи негација на нешто, „спазам“ е грч, значи „незгрчлива“, што до некаде корелира и со мојот темперамент и со мојот карактер.

А од друга страна, на македонски ако земете, „спасување“, „Аспасија“ значи нешто што спасува и ми било некако предодредено во однос на својата професија, нешто што ќе треба да спасува, да му олеснува на некого, изјави Софијанова за Репортер.мк.

Во последно време, Софијанова не е многу присутна на медиумите и социјалните мрежи, но денес, како честитка на 8-ми март до сите жени, Софијанова објави слика со еден од најпознатите пејачи на Балканот, Петар Грашо.

Претходна статијаОткако пак е сингл, Игор Џамбазов искрено кажа што го фасцинира кај жените- уште една интересна изјава од познатиот актер
Следна статијаОва е најпосебниот роденден на мајката на Тамара и Тијана, еве зошто е многу среќна (ФОТО)