Ова е најпосебниот роденден на мајката на Тамара и Тијана, еве зошто е многу среќна (ФОТО)

0

Тамара Тодевска е секогаш во фокусот на јавноста поради песните за кои се врзуваат сите генерации, поради моќниот глас и интерпретација и поради тоа што на социјалните мрежи секогаш гласно кажува што има да каже и објавува многу, за неа драги моменти од приватниот живот.

Тамара Тодевска направи бум откако го објави евровизискиот спот за „Proud“, а потоа и откако го освои седмото место на евровизискиот натпревар во Тел Авив.

– Proud е песна што ме опишува баш таква каква што сум сега – помудра, поискусна и посамоуверена – жена што знае што сака и не се плаши тоа да го каже“, рекла Тамара во Женски Магазин во тој период.

– Искрено, помина времето кога се фокусирав на тоа што ќе го кажат луѓето за мене или за мојата работа.

Научив да не се врзувам ниту за позитивните ниту за негативните коментари. Јас сум стопроцентно сигурна во мојата песна и мојот тим“, изјавила пејачката.

Потоа, добила прашање; На која силна жена ѝ се восхитуваш а не е дел од евровизискиот спот? На ова, таа одговрила на овој начин:

– Дефинитивно мојата мајка. Бескрајно сум ѝ благодарна за поддршката и за тоа што верува во мене тогаш кога и јас самата не верувам во себе.

Без нејзината помош и љубов ниеден мој сон немаше да биде моја реалност“.

Тамара во една прилика откри дека е многу талентирана за сликарство, и како мала имала добиено награди на натпревари по цртање, па се пошегува на нејзина сметка: „Сигурно сум била втора“.

Раскажа и дека имала свои изложби, и сега на своите деца сака да им пренесе љубовта кон цртањето. Потоа муабетот ги наведе на еден од најголемите нејзини хитови, можеби и најголемот „Тажна љубов, среќна песна“.

Во последно време се зборуваше дека Тамара ги зголемила усните и решила малку да се освежи, но сепак оваа вест пејачката ја нема потврдено, а многумина мислеа се работи всушност за некој филтер од Инста.

Но, се чини дека Тамара на секоја втора фотографија која ќе ја објави ги истакнува усните, кои се видливо зголемени за разлика од порано.

Неколку објави подоцна, Тамара објави шеговита слика на своја сметка на која пишуваше:

„Единствено од бивши ми фали екстра пари“, објавата е всушност на англиски, па наместо „ех“ за бивши, беше дополнето „ex-tra money.“

Тамара беше на ново патуање, а на почетокот кога летала натаму таа споделила доста сториња како патува со познат турски авио превозник.

Пејачката ужива во својот живот, а на сликите со неа и е Лила Стојановска, и по сѐ изгледа станува збор за некое патување кое и двете ќе го рекламираат на социјалните мрежи.

А на едно од сторињата, Тамара покажала и како ја „тинтраат“ на летот, и како патува со бизнис класа, но и каква храна добила таму.

Во едно интервју за Жешко Столче, водителот ја прашал Тамара: Дали ти прости народот откако ја истетовира химната. На ова, Тамара му одговори:

„Не беше тоа поентата воопшто, да ми простуваат, едноставно, едно сабајле се разбудив, му се јавив на Горан Мичиќ и му реков: Сакам да ја истетовирам химната. Он ми рече: Ма, дали си ти нормална.

Му реков: Имам желба да си го запошам тоа на телото и да ме потсеќа на еден период од мојот живот којшто ми беше доста тежок и ми остави некоја рана на срцето“, рече Тамара и повтори дека не ѝ била намерата некој да ѝ прости, но ѝ е драго ако имало такви коментари.

На својот Инста профил неодамна, пејачката сподели интересна објава:

-Обично им давам на луѓето повеќе шанси отколку што заслужуваат, но кога сум готова- готова сум!“, сподели Тамара на Инста стори, а овој цитат кажува многу за нејзината личност.

По повод роденденот на мајката на Тамара и Тијана, која се вика Брана, семејството прославило во познатиот бар „ТРИ“ каде Тамара често излегува.

Мајката на Тамара и Тијана изгледа многу среќна и се чини како овој роденден да ѝ е еден од подрагите особено што покрај себе има многу деца, нејзините внучиња.

Тамара сподели видео како Брана ги дува свеќичките на роденденската торта, а околу неа се дечињата кои се најголема радост на Брана.

Претходна статијаПо подолго време се огласи Цули Софијанова – објави слика со еден од најпознатите пејачи на Балканот (ФОТО)
Следна статијаПо Сања од „Брза кујна“, и тие успејаа да му се доближат на Новак Ѓоковиќ, наскоро ќе го гледаме во Македонија