Ова e најсаканиот маж во животот на Кpистина Димитри, покрај cинот Давид, многу cи личат (ФОТО)

0

Нашата позната пејачка, Кристина Димитри гостуваше во емисијата „Ништо лично“ и проговори кога е мало маче, а кога е тигрица.

-Мало маче бев сѐ додека не сфатив дека ова е шума. Р’жам и те како. Мислат дека имам некоја аура, што сум препотентна и арогантна, јас ја сакам таа маска, инаку сум навистина позитивна и сите ги сакам приватно.

Но, мислам дека и професионално, како жена, не треба да дозволуваш секој да има пристап до тебе, бидејќи си сфаќаат погрешно и си прават филмови во глава, кажа Кристина, па го спомена нејзиното синче:

-Давид е многу талентиран за глума, а за тоа како ја доживува синчето, Кристина рече: „Па еве на пример, кај мене сѐ може. Што ќе посака, добива од мене. Јас сакам да го размазам, бидејќи тој ми е центарот на светот и да му овозможам сѐ.

Но, со него навистина имам пријателски однос, така го гледам, како моите со мене, за да може сѐ да ми кажува и добро и лошо што ќе му се случува во животот.

Не сум некоја строга, но се знае некогаш кога ќе му кажам нешто, дека не е океј. Телефон му дадов дури на 5 години, пред 5 години не му давав, бидејќи тоа е како ѓаволот да му го дадеш во раце.

Кога е во прашање неговото здравје сум построга, мора да се води грижа. А инаку првпат беше на мој настап баш во Лешок на концерт и тогаш мајка ми го донесе баш покрај бина и тој вака ме гледаше, тажен, зошто сите ме фаќаат и ме гушкаат.

Љубоморен е, не е учен да ме дели. Секогаш кога е емисијата во живо, тој ме гледа и утринска да е, го поздравувам. „Карди“ мојата песна ја знае напамет, изјави Кристина за синчето.

Кристина најчесто е поврзувана со епитетот бившата на Кајмакоски, но вели дека не се срами од тоа, а сигурна e дека со градењето на кариерата, со успесите кои ќе следат, тоа ќе се тргне.

„Ми смета тоа што кога сум донела некоја титула, некоја песна, медиумите секогаш сакаат да го поврзат него со мене, ама знам дека еден ден ќе се избрише тоа“, вели таа.

Кристина гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“ и искоментира дека е многу задоволна од својата нова песна. Манекенката зборуваше и за нејзиниот поранешен маж, Даниел Кајмакоски, но не сакаше да го спомене неговото име и презиме.

– Знаев дека веднаш ќе ме врзуваат за презимето кое одамна не го носам. Јас имам постигнато свои успеси во манекенството, десет години сум член на модното студио „Црнокрак“, снимам песни, завршив на Факултетот за туризам и менацмент, но медиумите пак ме врзуваат за нешто друго. Но, и тоа ќе помине“, рече Кристина.

А во едно интервју за Г-карпет се пошегува дека планира да го истетовира тоа презиме на себе бидејќи насекаде ја поврзуваат со поранешниот сопруг.

Кристина искрено проговори за првиот впечаток кој го имала за нејзиниот поранешен сопруг, во споредба со сегашното мислење.

„Пред неколку години првиот впечаток ми беше дефинитивен – тоа е тоа, леле добар човек, сега го немам тоа мислење, ми требаше време и сето тоа го прави искуството.“

Kристина во неколку наврати има изјавено дека нејзините родители и брат ѝ најмногу ѝ помагаат околу синот, а нејзиниот брат му е како најдобар другар на Давид. Немаме прилика често да го видиме нејзиниот брат, но по повод неговиот роденден, Кристина објави неколку фотографии и му го честиташе на најпосебен начин.

„Мене ме штитеше од светот цел живот, а сега го штитиш Давид.

Фала што си му идол и пример на мојот син. Уште коа дознав за Давид дека ќе дојде на свет… ти ми кажа: Јас ќе сум за него цел живот тука!

И го исполни тоа, како и сѐ друго… Среќен роденден брат мој… а сега си суперхерој и брат на моето дете. Те сакаме најмногу е само реченица.. во споредба со нашата љубов кон тебе.“

Инаку, братот на Кристина се вика Горан и по втората фотографија која пејачката ја објави може да се забележи дека тие навистина си личат.

Претходна статијаСѐ уште се будам наутро и не сфаќам што се cлучило: Николина не може да се помири со упокојувањето на сопругот – „Cакавме нов живот“
Следна статијаЕве каква приказна се крие позади вистинското име на Илда, ќерката на Шабан, за него било многу значајно