Миа објави разговор со својот син- ова ќе ве стопи и ќе ве насмее

0

Миа Костова е долгогодишно ТВ лице, а во овој период не е активна на телевизија, и вели дека воопшто не ѝ недостига.

Живее исклучиво од инфлуенсерството, но вели дека не се плаши од било каква друга работа која ќе ѝ донесе добар живот за неа и за синот Андрија.

Како самохрана мајка, гордо изјавува дека од првиот ден самата се грижи за синот без никаква финансиска и физичка помош од никого.

Од професијата која е релативно нова на пазарот, преку начинот на исхрана кој ѝ е честа борба, Миа отворено зборувала за Женски магазин во една прилика.

-Верувале или не, телевизијата не ми недостига воопшто.

Се пронајдов себеси на мојот личен медиумски простор кој со сигурност знам дека е силен колку некои емисии кои имаат термин на ТВ, што уживам во сѐ она што го правам и некако атмосферата за медиум ми е задоволена колку сакам и како сакам.

Дури некако сум со поблиска со публиката а и позната сум по тоа дека комуницирам буквално со секој што ми пишал, ме прашал, искритикувал или пофалил и тоа воопшто не ми е тешко. Напротив …

– Не чувствувам страв од егзистенција ни кога сум живеела со 200 евра ни денес со многу повеќе. Мене ‘инфлуенсертството’ не ми е нешто на кое се потпирам за следните 50 години.

Јас сум идеално свесна за својот капацитет, јас сум човек кој не се плаши од работа и тоа сум го докажала низ годините. Не сум се плашела ниту сега се плашам.

Утре да се деактивирам од „инста“ ќе најдам и што да работам и како да сум задоволна од себе и за себе и своето дете.

Дали ќе работам по струка или ќе работам нешто што мене ми лежи, ќе се вратам на ТВ или во фризерница, воопшто не ми менува.

Оној кој сака ќе најде работа и начин. Се радувам што речиси три години јас одредувам кога е обичен ден, а кога работам.

Има денови со набиена агенда во кои пцујам по паркинзи во Скопје, зошто никогаш не доцнам има денови кога ќе презакажам состаноци и нема да станам од кревет и никому за тоа не должам објаснување .

Има денови кога се посветувам на чистење, готвам секој ден, за Андрија ретко нема домашно зготвено, е кога сум зафатена знам да бришам шминка во 2 по полноќ и да мислам дека сепак имам нешто заборавено дента.

Немам рутина на ден, секој ден ми е различен. Глупаво е да зборувам за моето дете, ама секој кој што го знае, знае дека е дете како по книга.

Многу воспитан, многу кроток, многу одговорен. Строга сум од ден еден, но тоа не е строгост што фрустрира туку е праведна строгост, или ќе добиеш сѐ што ќе замислиш ако ги завршиш обврските кои ти се дадени.

Дали е чистење соба или лектира неважно. Нема отстапки ни за храна. Љубител е на шеќер и имаме договор. Се јаде некое ‘здраво благо’ откако ќе се направи пауза после ручек од 3 часа.

Не мислам дека сум строга колку што мислам дека сум праведна за негово добро“, кажала Миа за синот.

Миа објави едне доста симпатичен разговор со својот син Андрија како го прашала: Што сакаш да те частам за двете петки, а тој скромно одговорил: Не знам.

Миа го поправила во правописот, а овој разговор сигурно дека ќе предизвика убави чувства кај сите оние кои ја следат.

Претходна статијаСтефан Лазаров објави слика со Марта кога биле многу млади (ФОТО)
Следна статијаНина Ангеловска вљубена – објави серија фотографии со својот сакан (ФОТО)