Стефан Лазаров објави слика со Марта кога биле многу млади (ФОТО)

0

Јутјуберот Стефа Лазаров, кој изминатиов период не бепе актуелен по убави слулувања по гостувањето на Драган Павловиќ- Латас во неговата емисија, ова лето треба да се жени.

Лазаров минатата година во септември, славеше 6 години врска со неговата девојка Марта.

Откако ја започна јутјуберската кариера, Лазаров често снимше видеа со Марта, која ја запознавме преку нивните предизвици, квизови и други тематски видеа кои заедно ги снимаат.

За нивната љубов и сериозна врска сведочат и заедничките фотографии кои ги објавуваат на социјалните медиуми, на кои ги гледаме во доста заљубени изданија.

Минатата година, се пишуваше дека тој ја побарал за жена, а таа неговата девојка Марта објави повеќе фотографии со кои им приреди изненадување на нејзините следбеници.

Марта и Стефан се заедно повеќе од 6 години, а според најновите фотографии објавени на нејзиниот профил можеме да видиме дека јутуберот одлучил да ѝ приреди вистинско изненадување додека биле на стадионот Камп Ноу во Барселона.

„Oва е најубавиот ден во мојот живот, искрено да ви кажам“ – рече македонскиот јутубер Стефан Лазаров во едно од видеата во кое говори за романтичното запросување што ѝ го приготвил на неговата девојка Марта во Барселона.

Марта сподели неколку фотографии и видеа и откри дека Стефан ѝ приредил романтично запросување додека заедно биле на фудбалски натпревар.

Стефан, пак, на својот Инстаграм профил сподели повеќе фотографии од посетата на стадионот и рече дека конечно му се остварил сонот.

Стефан пред извесно време најави и кога ќе се жени, а свадбата всушност му донесе и добра зделка. Тој сега го рекламира ресторанот во кој ќе се случи веселбата, како генерална проба за свадбата.

Почеток на една убава приказна во @ragusa_919. Нашиот датум е 8ми јули, а овие фотки се само показател за каков ресторан се работи.

Гламур, луксуз и вистинско место за вашата свадба… Едвај чекам да дојде нашиот ден“, напишал Лазаров.

Инаку, Лазаров е момчето кое за кратко време ги освои симпатиите на гледачите, момчето на кое фудбалот му е секогаш на прво место, момчето кое неодамна се впушти во музичките води открива интересни детали од својот живот.

Лазаров за Хаштаг раскажа за своето детство, училишните денови, кариерата, музиката, но уште неколку прашања кои се доста интересни за оние кои го следат Стефан.

– Фудбалот отсекогаш ми бил прва љубов, а така и ќе остане. Се пронајдов најдобро само поради фактот што живеев за тој спорт.

Заврши поради повреда, а водителството е една голема авантура во која секојдневно се учат нови работи. Го сакам тоа и не се откажувам. Уживам кога сум пред камера.

Заврши поради по вреда, а водителството е една голема авантура во која секојдневно се учат нови работи. Го сакам тоа и не се откажувам. Уживам кога сум пред камера.

Одамна имам желба да пробам да бидам дел и од музичкиот свет. Немав таков план, но зошто да не?

Во вистински момент се поклопија коцките со Денис Куртовиќ и можам да кажам дека сме супер задоволни од нашата песна „Хола Мамасита“. Очекувајте многу други песни.

Прво не ми се веруваше дека станав водител. Се снајдов супер и не планирам да застанам тука.

Сега почнувам и ново поглавје, а тоа е музиката. Едно сигурно знам, а тоа е дека никогаш нема да се откажам од себеси. За 10 години посакувам да бидам татко на две дечиња“, изјавил тој.

Минатиот месец, откако од својот канала на Јутјуб го отстрани видеото од интервјуто со Драган Павловиќ- Латас, Стефан Лазаров се јави со ново видео во кое се извинува.

-Латас е човек кој многу го почитувам и има добра интересна животна приказна и затоа се одлучив да биде прв гостин.

Концептот е да се зборува за та бу теми и за работи кои на телевизија не можеме да ги чуеме. Се слагам со вас во право сте, и затоа сакам да се извинам за тоа што го слушнавте, а јас како домаќин дозволив тоа да се емитува“, кажа меѓудругото Лазаров.

По целото случување, се огласи и девојата на Стефан, Марта, која на Инстаграм е потпишана како _qmarr__ .

И кај неа, и кај Стефан на профилите се гледа дека изминатиов викенд, пред да започнат коментарите за видеото со Латас, тие биле на Козјак, и од таму и двајцата имаат фотографии.

На една од сликите на Лазаров каде што се глда браната Козјак, тој за својата гледност на Јутјуб има напишано: братов ќе има silver play button годинава, ај се кладиме?

Марта на стори на Инста, како поддршка за својот иден сопруг, го објави видеото од неговиот јутјуб канал на кое Стефан се извинува.

А таа прослави роденден, и по тој повод доби интересна честитка од својот сакан: Среќен роденден cмoтaнa, те сакам и фала ти што постоиш“, стои во честитката на Стефан на Инста стори.

Претходна статијаПо Сања од „Брза кујна“, и тие успејаа да му се доближат на Новак Ѓоковиќ, наскоро ќе го гледаме во Македонија
Следна статијаМиа објави разговор со својот син- ова ќе ве стопи и ќе ве насмее