Нина Ангеловска вљубена – објави серија фотографии со својот сакан (ФОТО)

0

Нина Ангеловска, поранешната министерка за финанссси раскажа многу интересни нешта, кога во една прилика беше гостинка во емисијата Магазин на Сител.

Таму водителот ја праша: Дали е вистина дека во Министерството за финансии има лента за трчање, и дали можат да ја користат само министрите или и останатите?

-Јас не успеав да ја користам таа лента, за жал. Додека бев на функција министер освен што трпеше мојот приватен живот трпеше и спортот.

Успевав барем еднаш во неделата да станам пред шест и да истрчам на отворено, затоа што многу го сакам трчањето, а спортот е користен за здрава мисла и за попродуктивна работа.

Таа лента можат да ја користат и останатите, не само министрите“, рече Ангеловска. Водителот ја праша: Има ли туш, а таа рече:

Има, верувам дека има. Не ја искористив траката, не ја пробав, мислев дека ќе најдам време да направам една пауза, да се рефреширам, да се ослободам од стресот, но не успеав.

Верувам дека ќе остане салата искористена и дека ќе го ценат тоа оние кои ќе имаат прилика“, рече Ангеловска, а потоа водителот ја праша: Колку се навикна на тоа да имаш обезбедување и шофер, а Ангеловска кажа:

-На почетокот ми беше чудно тоа, а потоа за време на Ковид барав да немам обезбедување ни возач, затоа што беше период на з араза.

Од друга страна, се обидував понекогаш да користам велосипед и тротинет, и не секогаш одев со возило, бидејќи Скопје е мало и можеш лесно да се придвижиш…

Ме поздравуваа луѓе, добро утро, добар ден. Шоферот еве ќе го спомнам, еден репер, ми беше многу пријатно искуството за него, колку е важно човек да си ја сака работата, да ве пречека насмеан.

Едно време додека одев со тротинет, знаеше од некаде да се појави да ми каже дека е жешко, да го спакуваме некаде тротинетот.

Мислам дека се важни тие мали работи, во тие тешки денови и моменти да ви го направат денот поубав.

И тоа се мали работи кои на сите ни значат. Сите сакаме да направиме добро, да дадеме добро“, кажа Нина Ангеловска во ТВ Сител.

Ангеловска е позната во јавноста како Нина Групер, по компанијата која ја основаше пред 10 години, а за неа на Фејсбук на јубилејот меѓдругото напиша:

– Пред 10 години, на плоштад, на студ и снег, балонот на топол воздух кој го изнајмивме се бореше со ветрот да се исправи со цел да ја пренесе пораката дека се лансира нешто големо и ново на нашиот пазар.

Имав 22 години кога со цело срце и енергија со двајцата партнери тргнавме на претприемачкиот пат…, рече Ангеловска за нејзината компанија.

Ја лансиравме првата платформа за групни попусти во Македонија во време кога е-трговијата речиси и да не постоеше, картичките се користеа многу малку, социјалните медиуми беа во зародиш, а малите компаниите речиси и да не користеа дигитални алатки и немаа онлајн присуство.

Ниту почетоците, ниту прогресот и успесите не беа лесни. Вложувавме многу напорна работа, се боревме со секој предизвик, го совладувавме и го рагазувавме “длабокиот снег” за останатите.

Секоја совладана препрака (а ги имаше многу) значеше многу работа ама и нови собрани знаења и искуства што не правеа подобри и попаметни за следната“, додаде таа.

Придонесовме за развој на е-трговијата, им помогнавме на стотици компании да се приклучат во е-светот, да добијат нови клиенти и да го рашират својот бизнис.

Илјадници е-купувачи за прв пат купија онлјан на Grouper, пробаа нови искуства, открија нови места и станаа дел од Grouper заедницата која секоја година се зголемувше се повеќе.

А, неодамна, Нина Англеовска на својот Инста профил шерна неколку фотографии со својот сакан, и многумина им посакаа среќа во љубовта.

Нејзин партнер е Виктор Станков, кој по професија е доктор, објави Женски магазин неодамна. А Нина, со новите слики, тоест на Инста сторињата покажа дека е доста романтична.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Angelovska (@ninaangelovska)

Претходна статијаМиа објави разговор со својот син- ова ќе ве стопи и ќе ве насмее
Следна статијаКристина ја покажа мајка сѝ – сега е јасно од кого ја наследила убавината (ФОТО)