Мајката на Адриан Гаџа, Сузана изгледа како девојче- еве како синот се грижи за неа

0

Пејачот Адријан Гаџа е сопственик на кафе бар и во една прилика на својот „ТикТок“ профил објави интересно видео на кое танцува со своите вработени.

Видеото за рекорден период беше прегледано скоро 30.000 пати, проследно со бројни коментари и лајкови.

Познатиот пејач, текстописец и продуцент Адријан Гаџа пред повеќе од 10 години ги полнеше дискотеките и кафулињата во нашата земја и соседството кога тој имате настапи заедно со бројни познати имиња од нашата музичка сцена“, објави Еспресо во една прилика.

Меѓутоа работите се сменија. Адријан реши да се повлече од музичката сцена и да се посвети на нешто сосема друго, поточно да ја продолжи семејната традиција, угостителството каде одлично се снаоѓа.

Нашиот евровизиски претставник од 2008 година, кој настапи со песната ,,Let Me Love You” заедно со Тамара Тодевска и Врчак и не успеа да влезе во финале, по многуте учества на музички фестивали и освојувањето на албанскиот пазар, е сега посветен на својот ресторан.

Тој пред неколку години кога тивко се повлече од сцената, реши да преминува во угостители и го отвори ресторанот Ча Ча. тој за својот нов бизнис зборуваше во интервју со Лила Стојановска на Сител.

-Угостителската професија ја сакам уште од мал. За да успееш во нешто треба да си 100 посто фокусиран, и повеќе од 100 посто. Ме исполнува оваа работа, а имам време и да одам дома, и да влезам во студио.

Знаеш, студиото ми е дома. Музиката не ми бега, не гледам јас така дека сум се тргнал од музика. Кај и да влезеш кај мене дома има музика, имам музичка опрема, имам чувар, да не се осмели некој да земе нешто“, рече Гаџа.

Неговиот брат е познат виолинист кој живее во Виена, а и Гаџа има завршено нижо музичко, средно музичко и факултет, на инструментот виола.

-Со пеење почнав во прва година средно, имав 14-15 години. Тогаш се пријавив случајно на еден фестивал и победив. Многу беше лесно. После два месеси се пријавив на друг фестивал, и таму победив.

Најголемиот успех е кога ќе пукне некој добар хит, а сум имал некои дваесет песни што ми удриле јако, и одма после хитот доаѓаат наспаи, а концерти, а знаеш како, големите концерти се малку стресни“, рече Гаџа. Потоа Лила го праша:

Имам едно битно прашање за дамите кои не гледаат: Во меѓувреме да не се ожени? Да не имаш намера во меѓувреме да се ожениш? Гаџа одговори: Не, а Лила го праша: Дали си слободен, ете да прашам, а тој рече:

Да, сингл сум, и не сум оженет. Во една прилика, пејачот се огласи на Фејсбук и напиша за својот ресторан, и за ноќта што ќе се памети таму.

Во Ча Ча имало јака журка по светски стандарди, а ја организирал токму Гаџа. „Ноќ за паметење“, напишал тој на Фејсбук.

Тој раскажа дека последниве години, тој е активен на албанската и на косовската естрада, која е многу поголема од македонската и бара поголем ангажман и посветеност.

На прашањето дали наскоро ќе запее нешто и за домашната публика тој одговори дека никогаш не се знае.

Гаџа минатата година Фејсбук објави слика со својата мајка која инаку се вика Сузана и покажа каков џип и купил. Џипот е подарок од него и од неговиот брат зашто Адриан на Фесјбук напишал:

– Еден подарок од твоите синови мамо, ти заслужуваш многу повеќе отколку што ние можеме да ти дадеме“, напишал Гаџа до сликата со мајка си и атомобилот кој изгледа доста добро.

Се гледа дека кога е во прашање мама, синовите воопшто не штеделе на овој подарок- секоја чест.

А Адријан и сега објави слика со неговата мајка, и се гледа дека таа изгледа супер- како да е млада девојка, без оглед што има два возрасни сина.

Гаџа се грижи за мајка си на посебен начин, а новата слика е објавена во неговиот локал, каде што заедно поминале убаво време.

Претходна статијаМаја Панчева и Лидија Кочовска „парче прават“- еве зошто цела Македонија „полуде“ по нив (ВИДЕО)
Следна статијаПо долго време во јавноста се појави Сани и кажа за што е создадена жената, Никола тоа добро го знае (ФОТО)