Маја Панчева и Лидија Кочовска „парче прават“- еве зошто цела Македонија „полуде“ по нив (ВИДЕО)

0

Лидија Кочовска е еден од нашите најквалитетни и најсилни вокали, со фестивалско искуство на ниво на поранешна Југославија.

„Што те нема“, „Ти си тој“, „Доволно луд“ станаа евергрини, песни чии кавери ги пеат младите таленти во музичките шоуа.

Ако порано еден „Макфест“, „Скопски фестивал“ па и пошироко – Сплитскиот не поминуваа без Лидија Кочовска, сега нештата се сменија.

Сестрата на Тања и ќерката на за жал упокоената Невена и Панче од легендарните „Мањифико“, во искреното интервју за Женски магазин раскажува дека пее само на нстани каде што се чуствува ценето.

Вработена е во хорот на МОБ, и вели дека е секогаш вљубена, но не планира наскоро повторно да се мажи.

-Колку што егзистирам како фронт вокал, исто толку децении работам и како придружен вокал. Децении наназад долг период бев дел и од хорот на мојата мајка.

Групното работење во убава атмосфера, ми претставува големо задоволство“, рекла Лидија за својата работа во операта, а потоа кажала:

Од половината на осумдесетите па до 2000 година, беше идеален период. Бев присутна речиси на сите фестивали во тогашна Југославија и по распадот.

Фестивалите беа причина за дружба, сите бевме едно, владееше љубов. Живеевме за денот кога ќе започнат и со нетрпение го очекувавме секој нареден фестивал. Нема споредба со денес! Тоа беше златно време.

Минатата година, со голема бол ка поради тоа што мајка ѝ не е физички присутна до неа, но и со голема гордост што пее токму за неа, Лидија Кочовска одржа емотивен и многу успешен концерт во Тетарот за деца и младинци во Скопје.

Овој концерт бил посветен посветен на големата пејачка на „Мањифико“, Невена Кочовска.

Најубавиот и најтоплиот момент бил на крајот, кога и нејзиниот татко, легендата Панче Кочовски, заедно со сестра ѝ Тања Кочовска, излегле на сцена заедно со Лидија, за да ја испеат „Мама Хуанита“.

Ова е една од песните која го одбележа професионалниот пат на нашите, а светски познати „Мањифико“, и песна која е лично важна за љубовта на Невена и Панче, и воопшто за целото семејство Кочовски.

На крај ја отпеавме нашата домашна химна , фрагмент од „Мама Хуанита“, композиција која беше дел од репертоарот на моите родители, на “Мањифико”, која мојата мајка ја пееше до последен здив.

За мене таа композиција има посебно значење. Таа ми е сеќавање на сите наши заеднички моменти. Татко ми се држеше одлично, изджа јуначки, се разбира, заедно со наша поддршка“, изјавила Кочовска.

Лидија Кочовска е колешга со Маја Гроздановска- Панчева и рабптат заедно во хорот на Македонската опера и балет. Ама и приватно се дружат, а сега се здружија со една цел.

Маја и Лидија заедно настапуваат- тоест „парче прават“ со нивното пеење низ цела Македонија. А едно видео кое неодамна беше објавено на Фејс, а Маја беше тагната, го покажува тоа во вистинска смисла.

Малку уживање со сите сетила, настапи во ресторан Амбиент с. Пишица Пробиштип, Национален ресторан Градина Скопје. Ви благодариме !“, стпи во описот на ова видео.

А во него се гледа колку супер си поминуваат сите на нивните свирки, и дека Маја и Лидија се имаат здружено со јака цел и им успева.

Претходна статијаГолема промена кај актерот Висар Вишка, пријателите не можат да се препознаат (ФОТО)
Следна статијаМајката на Адриан Гаџа, Сузана изгледа како девојче- еве како синот се грижи за неа