Кристина, бившата на Кајмакоски му била придружба на Игор Џамбазов- еве што ги поврзува

0

Кристина Димитријевска е една од најубавите и најзгодни жени кај нас, и таа како што е познато е манекека, пејачка и инфлуенсерка, и поранешна жена на пејачот Даниел Кајмакоски.

Кристина Димитриевска учествуваше во емисијата „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски и раскажа за досега непознати детали од нејзиниот живот. За почеток, таа се осврна на темата со заработување.

-Искрено заработувам и од музика и од моделинг, од музика повеќе бидејќи сум повеќе посветена на музиката. Она на што повеќе се посветуваш, од тоа имаш поголем приход.

Знам да изберам, ете некое сликање и рекламирање, но немам толку време и не можам сѐ да прифаќам, но зошто да не. Денес сликаат и тие што не се занимавале со моделинг, така што јас имам СV за тоа.

„Кога се критиките во прашање, јавноста на почетокот не беше превоодушевена од твоите вокални способности, за разлика од тоа што им падна вилицата од твоите, како се вели, физички изглед.

И сега кога ќе го ставиш и едното и другото на кантер, сметаш ли дека поседуваш доволно квалитет за она што е послаба страна, да барем се вклопи во онаа посилната, се работи ли на случајот, надградба некоја“, праша Антонио Димитриевски кој го водеше интервјуто со Кристина.

-Поздрав до мојата професорка, Наташа Миха, која е со мене постојано.

Имам екипа нормално, ние нонстоп напредуваме и часови за пеење. Што се однесува до вокални способности, ако не постоеле, никој не би имал екипа и не би правела кариера.

Не сум навистина лу-да да правам нешто, ако сметам дека во тоа не сум добра. На одличен пат сме.

Мојата екипа е навистина задоволна колку брзо напредувам, брзо учам, јас сум таква, многу сум амбициозна и некако нема ден слободен за мене, секогаш правам плус и плус и мислам дека само тоа е патот до успехот.

Талентот без работа е ништо, како што би рекол Кристијано Роналдо. Еве сега некој се родил со буквални способности и работи на изгледот, некој се родил со изглед и работи на вокал, низ смеа раскажа Кристина, која припаѓа во втората категорија.

„А поработеа ли пластич ните хир урзи на твојот изглед“, искрено си праша Антонио, а Кристина му рече:

-Па не, кога сакам да направам нешто, некоја промена, секогаш ми викаат, „Ај, немој, остави така, бидејќи имаш нешто посебно, уникатно, нема потреба да личиш на другите.“

Таа во истиот разговор го спомена нејзиното синче:

-Давид е многу талентиран за глума, а за тоа како ја доживува синчето, Кристина рече: „Па еве на пример, кај мене сѐ може. Што ќе посака, добива од мене. Јас сакам да го размазам, бидејќи тој ми е центарот на светот и да му овозможам сѐ.

Но, со него навистина имам пријателски однос, така го гледам, како моите со мене, за да може сѐ да ми кажува и добро и лошо што ќе му се случува во животот.

Не сум некоја строга, но се знае некогаш кога ќе му кажам нешто, дека не е океј. Телефон му дадов дури на 5 години, пред 5 години не му давав, бидејќи тоа е како ѓаволот да му го дадеш во раце.

Кога е во прашање неговото здравје сум построга, мора да се води грижа. А инаку првпат беше на мој настап баш во Лешок на концерт и тогаш мајка ми го донесе баш покрај бина и тој вака ме гледаше, тажен, зошто сите ме фаќаат и ме гушкаат.

Кристина на Златна Бубамара на популарноста дошла заедно со Игор Џамбазов и објавила и стори со него на Инста, а на сликата со нив е и глумецот Тино Костадиновски.

Кристина дала изјава на оваа тема и рекла дека убаво си поминува со Игор Џамбазов и кажала:

-Вчера ми беше чест од првите редови, како почесен гостин да ја следам „Златна бубамара“, 26. по ред, во придружба на мојот соработник, уметникот Игор Џамбазов, кој работи на моите песни заедно со најдобриот продуцент Дарко Димитров“, изјави Кристина за „Слободен печат“.

Кристина потоа раскажала дека ѝ било многу забавно со Игор и многу се смеела на шегите на Тино и на Атанас, нашите познати актери.

Претходна статијаЦеца ги откри сите детали околи породувањето на Богдана, уште од сега знае на кого ќе личи бебето
Следна статијаОваа тажна приказна засекогаш ќе ги врзува Кате од „Нели ти реков“ и Ели Танаскоска