Оваа тажна приказна засекогаш ќе ги врзува Кате од „Нели ти реков“ и Ели Танаскоска

0

Популарната македонска пејачка Катерина Кате Танева (Ѓорѓиев) не е веќе со култната група “Нели ти реков“, објави Вечер прес минатата година.

Но сите тие останаа одлични пријатели кои повторно ќе се среќваат, но не и на сцената. Пандемијата и паузата од настапите си го направија своето, секој тргна по својот музички пат, па така и убавата Кате.

За Кате и групата останува 25-годишна успешна кариера. Испеани се многу, многу хитови меѓу кои секако најсаканиот, наслужаниот мегахитот “Запри дожду“.

И Кате во едно интервју за весникот “Вечер“ велеше дека кај неа често судбината знаеше да ги замеша прстите.

– Така е тоа со мојата судбина. Малкумина знаат дека јас во душа бев рокерка, бев и некоја која исто така многу ги сакаше и шлагерите, забавната поп-песна“.

Заедно со кавадаречко-неготинската група ,,Нели ти реков” оставија голем број на хитови во изминатите години, а сега дошло време секој да си продолжи по својот пат.

За ,,Фокус” Танева откри која е причината поради која по повеќе од триесет години не настапува со членовите на ,,Нели ти реков” со кои биле како семејство, во добро и во лошо.

-,,Нели ти реков,, е нераскинлив дел од мојот живот и мојата музичка кариера, па токму поради бендот и јас станав препознатлива како Кате од ,,Нели ти реков”.

Кога една група на луѓе заедно работи повеќе од три децении, ги дели успесите и падовите, секојдневните настани, заедно се радувала на достигнувањата, сосема природно е да ти биде како дел од семејството.

Со членовите имаме цела ризница од спомени, оставивме белег на македонската фолк сцена – вели Кате.

Сепак, појаснува дека кр изата предизвикана поради пандемијата со корона вирус влијаела врз функционирањето на бендот, и по долги разговори членовите решиле секој да продолжи по својот пат.

Изминатиот период сум актуелна со настапите со колегата Јовица Мирчевски, имаме редовни ангажмани во локал во Скопје, некако се склопија коцките, вокалите ни се усогласени.

Репертоарот е тој, песни за душа, секогаш отпеани од срце, и публиката знае да ја препознае искрената емоција која доаѓа од уметникот – раскажува Танева.

Кате од минатата година нема снимено нова песна, а една која ја сними минатата година има доста интересна и важна приказна, но и тажна.

Песната на Кате е всушност една многу тажна балада која зборува за несреќна и за невозвратена љубов. Таа на Фејсбук го објави и спотот за песната.

-Сите мои врели бакнежи, душо од тебе украдени, скришни утра, тајни големи, в немир силен се престорени. Дури име не ти спомнувам, страв ми е да го изговорам. Зима в гради не ми минува, нова пролет не изминува.

Цутат лии, цити рузмарин, немам кому да гои наберам, овој град на тебе мириса, бегам морам јас да заминам, далеку од тебе, далеку од сите спомени“, се дел од стиховите на иваа песна на Кате.

Она што е интересно е што оваа тажна и убава песна ја има напишано водителката Ели Танаскоска, и оваа приказна засекога ќе ги врзува нив двете.

Претходна статијаКристина, бившата на Кајмакоски му била придружба на Игор Џамбазов- еве што ги поврзува
Следна статијаЕве која судбина ги спојува Ефто Пупиноски и Блага Петреска- ова е нивната приказна