Како изгледа студентски живот во Америка, Илина покажа каков pучек cи направила за само 7 минути

0

Илина Арсова во една прилика изјави дека и покрај обемните задачи кои ги има на Универзитетот во Тенеси каде што е докторант, нејзиниот номадски живот не се сменил.

Нашата позната алпинистка и уметник веќе седум ипол месеци живее еден од своите соништа, далеку од дома. За заминувањето на докторските студии, вели дека добила неизмерна поддршка од блиските.

Меѓу нив бил секако и Игор Џамбазов, кој минатиот месец изјави дека не се повеќе заедно со Илина, токму проади далечината меѓу нив, и кажал дека не постои виновник за ова.

Кога чувствува носталгија за дома, Илина тоа го искажува на нејзин, специфичен начин, на Инстаграм, поинаков од Игор кој создаде своја дијаг ноза, нарекувајќи ја Илинопатија.

Илина за Женски магазин раскажала за предноста на студиите во Тенеси, и за патувањата кои ѝ се приоритет.

Ја доловила важноста и интересниот дел од нејзината работа како професо.

Исто така, за овој медкум, таа открила и за животот во малото студио со позајмен телефон, и за она што прво ќе го направи кога ќе се врати дома.

– Јас одамна ги завршив студиите кај нас. Имено магистрирав во 2008 и токму затоа ова не беше лесен чекор. Додека студирав бев навистина задоволна и од студиите кај нас, иако не сум сосема во тек како се денес.

Овде забележувам доста разлики во структурата на часовите, следиме многу обуки во однос на методологијата и мерки за заштита на податоци.

Технологијата и како се опремени училниците веројатно е најнапредната разлика меѓу нашиот и овдешниот систем.

Динамиката на часовите исто така е различна, домашните задачи се доста креативни и интересни. Зависно од моето темпо програмата може да трае три до четири години.

Најнапред мислев дека ќе може барем дел од тоа да оди он-лајн и да не морам да бидам физички присутна, но со позицијата како професор со полу работно време, по сè изгледа дека целото време ќе треба да сум овде.

Тоа се само неколку позиции на нашиот оддел и Универзитетот навистина многу вложува во нас.

Сега сме пред самиот крај на првиот семестар што е добар знак ,бидејќи сите велат дека првиот семестар е најтежок.

Инаку јас сум докторант на одделот за Кинезиологија и Спортски Студии, а ме интересираат родови науки во спортот како и социо – културниот аспек на спортот.

Тука некаде успевам да го поврзам спортот со уметноста- моите две досега најмногу изучувани области“, изјавила Илина Арсова за овој магазин.

Таа рекла дека се обидув да ги запази истите практики како и во Македонија. Така што кога не е на факултет оди да качува карпи, плива, пешачи, посетува изложби и музеи или излегув со пријатели. Но, има и доста работа за факултет.

– Обемни домашни задачи како и оценување и организирање на часовите што ги предавам. Сепак, мојот номадски живот кој досега не се променил, веројатно нема ни сега. Така што патувањата ми се сè уште приоритет.

На пример, сè уште немам автомобил, користам позајмен телефон, живеам во навистина мало студио, сепак секое слободно време и заштеда ја користам за патување на место каде што не сум била.

Така во овие месеци веќе имам посетено природни и национални паркови, и барем 4 нови држави во САД. (Кентаки, Вирџинија, Невада, Каролина, Тенеси)“, рече таа на крајот од минатаат година.

Илина на Инстаграм се пофали со своите кулинарски способности, и покажа како живее како студент во Америка, и каков многу брз ама и здрав ручек направила.

Судентски живот. Да видиме што се крчка. Спаначе. Сега кога че му опнам едно јајце одозгора, топ…

И гости кога би ми дошле, тоа би можело да изгледа вака. Седум минути рамно“, кажа Илина на Инта стори.

Претходна статијаТијана ја имитира Цеца и глуми дека е таа, а еве како Ражнатовиќ pеагираше на oва (ФОТО)
Следна статијаБеквалац реновираше дома- cобата на ќеpките изгледа како бајкa (Ф0Т0)