Бившата на Кајмакоски пак облече венчаница- Во бело, во бело за Кристина

0

Кристина Димитријевска по навидум три години идиличен брак со пејачот Даниел Кајмакоски во кој се роди синот Давид и семеен живот подалеку од камерите, се разведе, и повторно се врати триумфално на модните писти и во шоубизнисот.

За најтешката одлука во својот живот, за улогата како мајка, за пробивот на музичката сцена и што значи да си мис, Кристина откри во едно интервју за „Женски магазин“.

-Мојот прв избор за мис беше на моите 15 години. Се сеќавам многу добро на тој избор, иако бев малечка. Се одржуваше во скопската дискотека „Колосеум“ која веќе не постои.

Тој момент кога слушнав Зимска Убавица за 2013 година е Кристина Димитријевска, нема да го заборавам никогаш.

Колку титули и да следеа после тоа, таа првата секогаш ќе биде посебна за мене, зашто тој момент го сонував како малечка. Кога сме веќе кај изборите кои следеа, собрав доста титули.

Би ја издвоила Новогодишна Балканска Убавица на само 17 години. Искрено никогаш не ми било важно за наградите. Најголемата награда беше што го живеев својот сон3, рекла оваа убавица па продолжила:

Секој од нас сонува некој сон. Битно е кога ќе се разбудиме да знаеме дали да почнеме да го остваруваме или да го заборавиме.

После направената математика, почнете да си ја решавате животната задача. Доколку нешто силно сакате, борете се за тоа.

И кога ќе биде најкритично и без надеж, тогаш уште посилно посакајте и не се откажувајте.

Модерно стана да сите девојки имаат некој калап по кој треба да изгледаат. А тогаш се губи смислата на природната убавина и различноста.

Доколку некој има проблем естетски, во ред е да го реши, но се’ си има граници. Понекогаш и малку може да биде премногу. На себеси засега ништо не би менувала, а во иднина ако имам потреба, зашто да не“, изјавила Кристина.

Според мене музиката е лекот за тагата и ѕвончето за среќата. Имаме и следни проекти, кои во текот на следнава година ќе ги реализираме. А како ќе бидат прифатени, останува да видиме“, рекла Кристина.

Потоа, таа зборувала и за бракот и разводот со нашиот познат пејач Даниел Кајмакоски со кого има син.

-Јас сум амбициозна и полна со љубов. И таа љубов моментално е насочена кон моите најблиски и зацртаните цели. Сѐ започнува од самите нас, и љубовта и среќата и тагата.

Јас од мојот брак со Даниел го добив најубавото животно дело, а тоа е моето ангелче Давид. Се разведовме затоа што не сме биле еден за друг..

А јас се водам по тој мит, подобро добар развод, отколку лош брак. Па, нашите релации се сведени само на бивши сопружници. Животот оди понатаму.

Разводот е нешто што доколку е подобро, тогаш направете го. А ако не сте сигурни почекајте. Затоа што е тежок момент. И не беше лесно пред да ја донесам дефинитивната одлука.

А понатаму беше тешка борба, но сигурна сум дека беше правилна одлука колку и да ми беше тешко.

Не допуштав никој да ми биде утеха, еден ден самата решив дека е доста, и продолжив понатаму појака од било кога“.

Кристина сега пак облече венчаница која преубаво ѝ стои, а слика ставила на стори на Инста. Кристина била на модна ревија на венчаници, тоест саем за венчавки.

На сликата, таа ја тагнала страницата „Во бело“, која се вика според песната на Соња Тарчуловска.

Кристина на оваа слика личи како да е пак спремна за мажење и дека наскоро и за неа може да ја запее- во бело, во бело…

Претходна статијаСе огласи Спасе од „Сител“ во врска со состојбата на Лила, искрено кажа колку и на него му било тешко
Следна статијаПо долго време Благица Павловска се појави во јавноста, во вакво издание не ја знаеме (ФОТО)