По долго време Благица Павловска се појави во јавноста, во вакво издание не ја знаеме (ФОТО)

0

Благица Павловска е легенда на музичката народна сцена која ги одбележа своите почетоци со извонредни и уникатни песни и настапи.

Нејзиниот личен печат е токму гласот за кој многумина велат дека извира од длабочината на нејзината душа.

На патот до нејзината кариера, ја следеа безбројни пишувања по медиумите особено околу нејзиниот претходен брак. Секогаш насмеана, секогаш пријателски настроена кон секого“, стои во еден текст на aleksandrovaastrologija.wordpress.com

Токму така екипата на овој медиум, таа ја пречекала во нејзиниот дом, во куќата изградена во манастирски дух.

– Со оваа професија се занимавам минативе 40 години, а не од 1992 како што знаат повеќе во јавноста.

Прв пат официјално се појавив на фестивалот Цветници, кој официјално се организираше од МРТВ, но пеев и пред тоа, со тоа што додека беше Екс Југославија, пеев на повеќе простори од нашата држава, пеев на запад, во Германија, Европа и т.н.

Сакав да успеам во тоа време на Југословенско ниво, но тоа не ми успеа. Зошто не ми успеа? Најверојатно не ми беше времето тогаш.

Кога сакав да почнам кариера надвор од нашиве простори се случи да се вратам од Босна, Сараево бидејќи тогаш почна во јната.

Во два наврати спремав материјали и никако да ми тргнеше тоа да го завршам. Но ништо не е случајно.

Отпочнав со тоа што сакав мојот квалитет и мојот глас да го ставам на носач на звук за да го одбележам она што го правев со години, затоа што бев доволно извежбана и доволно веќе научив во однос на пеењето.

Не мислејќи дека ќе станам звезда, никогаш не мислев дека ќе се случи тоа што се случи. Но кога веќе настапив, автоматски се појавуваат и пријатели и непријатели.

Од старт наидов на тоа. Она што знам за себе е дека сум секогаш пријателски настроена кон сите.

Пред се со љубов го работам она што го работам и што пеам и она што ќе го одберам како песна, значи сакам секогаш да биде во позитивна смисла за да можам да побудам кај оние што ме гледаат и слушаат позитивна мисла и позитивен ефект од сето тоа а не да биде за да некој ме гледа лошо или мисли така како што мисли.

Во мојава кариера, од 1992 год. многу работи осознав, од она што не го знаев. Верував во Бог и порано, меѓутоа незнаев и не ја осознавав вистината.

Да веруваш не е исто како и да го почувствуваш тоа, да ги почувствуваш и добрите и лошите страни на животот и на луѓето околу себе.

Од моето лично искуство и мојата работа, запознав голем број на добри и голем број на лоши луѓе што значи дека по некој природен процес.

Мојот организам и мојот ум се бори да ги елиминира негативните а да ги задржи позитивните страни за да можам да опстојувам.

Значи опстојувањето на една личност како што сме ние во јавниот живот, имаме разноразни препреки, што вака гледано со голо око некој може да не ги види.

Оној што сака да ти наштети може да ти наштети и на поинаков начин“, рекла Благица во ова интервју.

Во изминатиов период се она што сум го започнала, го започнувам со не со цел да бидам најдобра, туку затоа што така треба да биде.

Јас сакам да одам по правиот пат и неасакам ништо да правам присилно, зошто се што е присилно, оди во погрешна насока.

Имам периоди кога на пример стагнирам односно мирувам, сум пасивна, зошто и така треба. Не сум само јас на сцената има и други кои го прават истото што и јас“, рекла Благица.

Новинарката Катерина Стојановска- Десковска од Македонската телевизија објави слики од дружба со Благица, поточно од снимање, и на нив може да се види како изгледа Благица сега.

Неделна дружба со Благица Павловска…премиерно во Неделен магазин со Ели Танасковска ,недела 10,20 Мрт1“, стои меѓудругото во објавата на новинарката.

А Благоца, на оваа слика изгледа одлично, во опуштено издание и спортки облечена, но стокмена со убава шминка и фризура како и секогаш.

Ова е прво појавување на Благица во јавноста по подолго време.

Претходна статијаБившата на Кајмакоски пак облече венчаница- Во бело, во бело за Кристина
Следна статијаЗа ова недолично однесување на Милена Дравиќ дозна целиот свет, еве како ѝ се „пуштила“ на една Американка