Се огласи Спасе од „Сител“ во врска со состојбата на Лила, искрено кажа колку и на него му било тешко

0

Спасе Јовановски е познат новинар, а во моментов е ТВ презентер на временската прогноза на Сител. Тој е инаку ПР на Лила Стојановска која е негова добра пријателка.

Тој неодамна на својот Фејсбук профил напиша: “ЦРВЕНКАПО” Пред точно 10 години, бев меѓу првите ако не и прв што облеков ЧИШ црвена патика…

Тогаш коментарите беа: “Кај ги најде женскиве патики” “Пе. еp ски! У живот не би облекол” “Се знае кој носи црвена боја”.

ЅВЕЗДЕТИНА ко мене, не коментираше нишо, пошо знаев дека сум 10 год пред сите.
Времето минуваше и од ден на ден, па се до ден денес, секој барем еднаш облече цревена патика…

Знаете како вели една поговорка. “Прво ќе ти се смеат, после ќе те копираат” Фото- Ролована архива 13 јан. 2011“, напиша Спасе на Фејсбук неодамна.

Тој на шеговит начин има коментирано за својата работа: Дои да ти бидам дечко!
Стално ќе имаш точна ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА!“. Во една прилика, тој ги чепна инфлуенсерите кои даваат совети на сториња на Инстаграм.

Спасе патува на многу дестонации заедно со Лила, а во една прилика, тие заминаа за Турција, осносно Бодрум. Трет одмор по ред годинава… Нека се множат! По друм, по друм, одиме во БОДРУМ!“, порача тој на Фејсбук во 2021 година.

Лила пак, првпат отворено и непосредно зборува за својата најголема животна битка во новиот број на списанието за жени „Убавина и здравје“, за нејзината битка со кан-церот.

– Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека ка-нц-ерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства.

На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа.

Првата помисла ми беше: дали е ова мојот крај? Уште колку имам? Потоа се сетив колку многу жени има што ги познавам и кои излегле како победници.

Ми поминуваа разни мисли, но, за среќа, тоа траеше кратко. Само зедов здив и ја прашав мојата пријателка, доктор Вики: Што прво треба да се направи? Од каде да почнам?

Се фокусирав на патот што ме очекуваше и се трудев да размислувам позитивно. Среќна сум што имам неколку добри, вистински пријатели кои ми се како семејство, кои беа покрај мене и ми го олеснија патот. Бескрајно сум им благодарна!“, изјавила Лила.

По ова, се огласи нејзиниот пријател Спасе Јовановски од Сител, кој бил покрај неа цело време во најтешките мигови.

Спасе објави слика со својата пријателка и колешка, и не нагеовиот Фејсбук профил искрено ги сподели своите мисли:

– И додека го читам интервјуто, и се трудам да не заплачам… Се присетувам како се почна, и како се (фала му на бога) ОДЛИЧНО заврши!

Ќе ви посакам и на вас, да имате вакво ВЕРНО пријателство, пријателство во коа ќе бидете СЕКОГАШ тука, и во добро и во зл о!

За моја Лики, ќе кажам дека е една ЛАВИЦА која овааа вест ја прими шо-к-антно, но не дозволи да ја покори, и ниту во еден миг, не се предаде!

Никој не знаеше низ каква ГОЛ ГОТА помина, но ја помина со крената глава и насмевка!

А сега, се што ни останува е да го славиме животот! Живели!“, стои во објавата на Спасе.

Претходна статијаТимчо за Милчо Манчевски: Ни подметнува лански кајмак на стара слава
Следна статијаБившата на Кајмакоски пак облече венчаница- Во бело, во бело за Кристина