Анета и Молика со големо хумано дело- сите им честитаат со воодушевување

0

Талентот на нашата пејачка Анета Мицевска од групата „Молика“ бил забележен уште на рани години, а мајката на Анета, госпоѓа Лиљана Љумаковска во интервју за svet-australia.com проговори за детството на пејачката.

– За неа од мала се знаеше дека ќе се занинава со музика, но не сакавме да брзаме. Таа музијата самата си ја избра“, рекла мајката на Анета.

Инаку, Анета е секокпогаш дотерана и стокмена е спремна да им пее на нашинците од целиот свет, па нејзините слики на Фејсбук се главно од настапите каде што го покажува својот изглед.

Во својата долгогодишна музичка кариера, фолк пејачката Анета Мицевска се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада.

Тоа и донесе многу настапи и набиена агенда како во земјата, така и во странство, а стана ексклузивец и на српската „Гранд“ продукција.

Во емисијата ,,Тренд лајф” гостуваше пејачката Анета Молика, односно водителката на емисијата гостуваше кај Молика дома, a пејачката се осврна и на тоа дали некогаш правела пластични кор екции на себе:

– Сум правела не кријам, сум ја направила и устата тоа се стопи немам ништо, не знам дали ќе направам пак нова, мислам дека природно си е природно.

Сум правела и на брчки и на јаболкници, меѓутоа сето тоа се топи со текот на времето и пак лицето е како што било пред да ја направам интервенцијата. Не сум за трајни силикони и такви нешта, изјави Анета.

Патот кон успехот е трнлив, тоа го знаеме и го имаме почувствувано на сопствена кожа, но со труд, љубов, посветеност и работа сите препреки можат да се срушат, во тоа сме сигурни.

Најбарани сме, а тоа е така затоа што сме неуморни-изјави Анета Мицевска од групата Молика во една прилика за порталот Убавина и здравје.

Анета во изјава за порталот „Убавина и здравје“ исто така вели вели дека во музичката фела оние што вредно, квалитетно и посветено работат, имаат задоволителен фитбек со кој тие може да се пофалат.

Анета и Молика објавија дека наскоро ќе направат едно многу добро, хумано дело за својот роден град, Битола, и ова го обавија на нивниот Фејсбук профил:

-Почитувани пријатели и љубители на нашата долгогодишна работа во Македонија и низ целиот свет, ве покануваме на нашиот концерт кој ќе се одржи на 21.04.2023 год (петок) од 20ч во Центарот за култура во Битола.

Средствата од концертот ќе бидат наменети за Царската Црква, Успение на Пресвета Богородица и 12 Апостоли-Битолско кале,која е значаен историски и културолошки храм и една од најстарите цркви во Битола и околината но за жал во минатото разр ушена и напуштена.

Сите заедно да оставиме уште еден белег, да придонесиме да се подигни овај Божји храм ,со Божји благослов, да го реализираме овој преубав проект и да помогниме вo неговото возобновување на постоечките темели за кои добивме благослов од Битолската Митрополија.

Се гледаме на концертот на кој ќе имате прилика да ги слушате сите хитови испеани од мене Анета Мицевска и група Молика.

Влезници по цена од 150ден ке се продаваат на касата во Домот на култура секој работен ден.

Ве очекуваме.Анета и Молика“, стои во објавата до која добиле доста честитки, емотикони со аплаузи, и голема поддршка.

Претходна статија„Некст тајм“ и Лозано објавија добри вести за нашинците во Австралија, ова ќе израдува многумина
Следна статијаСѐ се менува, ама Ристо Самарџиев никогаш- насмеан во друштво на оваа наша убавица (ФОТО)