Сѐ се менува, ама Ристо Самарџиев никогаш- насмеан во друштво на оваа наша убавица (ФОТО)

0

Гледав вчера интервју со Ристо Самарџиев. Дали сте знаеле дека он ги има напишано Сонце за Уште Три Светови на Џафер и спортската химна на Македонија, Црвена, Црвена?

Овој човек е нашето национално богатство“, стои во една објава на Твитер за нашиот познат пејач, композитор, кој е сега уредник во ТВ Сител.

Познатиот музичар, Ристо Самарџиев, кој долги години работи во ТВ Сител, го замени Драган Павловиќ – Латас на позицијата главен и одговорен уредник на телевизијата.

Како што напиша порталот Лидер во 2019 година, Ристо Самарџиев е одговорен уредник на целата програма на телевизија Сител.

Ристо Самарџиев е роден во 1964 на 17 август. Тој својата музичка кариера ја започнал кога имал само 16 години. Тој ја формирал групата Цилиндер во 1981 која била прва група во Македонија што го прифатила новиот бран како правец во Рок музиката.

Во групата членови беа Мики Димовски-сегашен тапанар во Архангел, Петар Ренџов-музичар кој се уште активно се занимава со музика и др.

Групата силно влијае на многу млади луѓе кои се занимаваа со музика тоа време. Во јуни истата година групата освојува прво место на ЗАЈАЧАРСКАТА ГИТАРИЈАДА – фестивал за рок групи кој што претставува силен рок фестивал тоа време.

Цилиндер на тој начин станува прва група Македонија која го освоила овој фестивал иако претходно учествувала групата Леб и Сол.

Со групата Цилиндер имал преку 150 концерти меѓу кои и концертите во Ниш, Загреб, Сараево, Нови Сад, Зеница и низ сите градови во Македонија.

Ристо Самарџиев во 1993 компонира и ја пее фудбалската химна на репрезентацијата Црвена за која што вели дека му е најдрагиот успех во кариерата.

Истата година повторно се враќа во рок група Меморија со кои го снимаат албумот 5 за кој велат дека е најдобриот албум на Меморија.

Таа година Ристо Самарџиев е избран за пејач на годината. Активноста со групата Меморија трае до 1997 година кога Ристо учествува како комплетен автор и изведувач на песната „Таму кај што си“ на фестивалот „Макфест“.

Таму ја добива Првата награда а песната станува Хит на годината и Ристо повторно станува пејач на годината. Тој сега има настапено на сите концерти на „Меморија“ кои се одржуваа изминативе години.

Маријана Станојковска има објавено слики со Ристо Самарџиев, на кои и двајцата се доста насмеани, и може да се забележи дека Самарџиев изгледа одлично, го има задржано својот младешки дух.

Маријана го објавила и поводот за оваа слика со Ристо: На 31-ви март во МОБ ве покануваме на детската балетска претстава “Петар Пан”.

Сценариото е на Ристо Самарџиев кој се потпишува и за сонговите. Владимир Дојчиновски е задолжен за авторската музиката.

Кореографијата и режијата се на Ирена Лозинска Претставата ќе биде изведена од страна на дечињата од балетското студио АРТ Балет

Визуелната магија е доловена преку костимите на Елена Вангеловска. Сценографијата е на Љупчо Јованов. Ќе има и гости од балетскиот ансамбал на МОБ, Веселин Трајковски. Николас Александар Урсо..“ стпи во објавата на Маријана.

Претходна статијаАнета и Молика со големо хумано дело- сите им честитаат со воодушевување
Следна статијаСе огласи синот на Еcма од Австрија, кажа од што живее таму и што најмногу го боли за Македонија