„Некст тајм“ и Лозано објавија добри вести за нашинците во Австралија, ова ќе израдува многумина

0

Мартин и Стефан од „Некат тајм“ се добри пријатели со Лозано и имаат изјавено дека заедно сакаат да играат фудбал. Тие минатото лето одржале заеднички концерт во Охрид.

Лозано со љубовните песни, а „Некст тајм“ со преработките на патриотските беа интересен спој на заедничкиот концерт во Античкиот театар во Охрид.

Македонски знамиња се вееја во текот на целиот концерт, а особено во делот на Стефан и Мартин од „Некст тајм“ кои изминативе години се екстра популарни поради старите патриотски песни кои ги изведуваат со нови аражмани, објави Женски магазин минатата година.

На Лозано не му е потребно да ја потсетува публиката да пее со него. Со песните како „Километри“, „Надеж“, „Јако јако“, „Сонце не ме грее“ и неговиот вокал тоа самото по себе тргнува.

-Сакам со еден плауз да ја поздравиме Еми, која е со мене од моите почетоци, уште од „Мак ѕвезди“. Таа е еден од моите најверни фанови“, рече Лозано.

Неговиот настап очекувано кулминираше со „Километри“, а на публиката (главно девојки во првите редови) како бис ѝ подари уште два акапела рефрени.

„Некст тајм“ стратуваа тивко со „Јовка кумановка“, па „Крушево абер пристгна“ за на „Слушам кај шумат шумите“ да настане вистинска еуфорија.

Се развејаа знамиња, а публиката бурно ги поздрави зборовите на Стефан: Ајде Македонци! Настапот на близнаците од „Некст тајм“ и нивниот бенд беше и визуелно одлично смислен, слики со родољубиви мотиви се покажуваа на бим“,пишувало во овој текст.

– Сметаме дека секој којшто се занимава со музика треба да истражува, импровизира и креира различни дела. Не би било добро да си ограничен од непознавање музика, тогаш не би требале да се занимаваме со неа.

Така и ние, во крвта наша е да испробуваме нови правци, да креираме нешто ново, макар и нов аранжман на стара традиционална песна.

Работа, упорност, прикажување вистински вредности, различност, професионалност, амбициозност и веројатно среќа. А, сето ова и публиката го забележува“, рекле Мартин и Стефан во едно претходно интервју.

Се трудиме да ги балансираме разликите затоа што сега нас нè спојува и работата, а тоа е музиката. Искрено, знаеме да се налутиме еден на друг, но и да попуштиме и да не трае тоа многу долго, бидејќи од голема лутина нема добри резултати.

Така што, се прават компромиси и од една и од друга страна. Интересно е тоа што на крајот од денот кога ќе се најдеме на сцена, функционираме како едно“, изјавиле браќата од „Некст тајм“.

А сега тие објавија ептен добри вести за нашинците од Австралија. Некст тајм тоа го кажаа уште на крајот на јануари на нивниот Инстаграм профил, а станува збор за заедничка турнеја со Лозано.

-Како што не информираат од Република Ентертејмент, од терен на наше задоволство, интересот за концертите е голем и со нетрпение го чекаме Април и да запееме во еден глас сите заедно3, напишаа Мартин и Стефан.

А Лозано пак, на Фејсбук шернал видеодо кое напишал: Почитувани, ни преостануваат уште неколку денови од нашата турнеја во Австралија. Се гледаме наскоро на овие локации и датуми:

14.04 – PERTH, 16.04 – WOLLONGONG, 21.04 – SYDNEY, 22.04 – SYDNEY, 28.04 – MELBOURNE, 29.04 – MELBOURNE“, напишал Лозано и во видео ги поканил сите обожаватели заедно да пеат убави македонски песни.

Претходна статијаМаја Оџаклиевска го покажа селото каде што живее- Пресушив, и можам само да читам.. (ФОТО)
Следна статијаАнета и Молика со големо хумано дело- сите им честитаат со воодушевување