Ване Маркоски ја отвори душата за луѓето околу него: Некој им кажал дека ако на ПРОЧКА споделат статус “простете ми”, толку е, завршена е работата…

0

Долго време не забавува пред малите екрани со неговите емисии кои се со најразлични тематики, а важи и како голем љубител на животните.

Станува збор за Ване Маркоски, кој во еден период беше актуелен со неговата емисија „Најдобри рецепти“, на ТВ Канал 5, а веќе две ипол години, тој ја води Утринската програма на МТВ.

Од редакцијата на „Хаштаг“, се потрудиле да го навратат Ване во неговите тинејџерски денови. Од тоа каков тинејџер бил, па се до тоа од каде се родила љубовта за водителството, Ване им раскажал се.

„Веруваме дека неговата приказна ќе ви биде доволна мотивација за повеќе да работите на себе“, стои во текстот на овој медиум, а Ване во таа прилика изјавил:

Играв со останатите деца само игри каде бев водител, а тие гости. Дома цртав некои радио миксети, микрофони, си правев камери.

Мајка ми ми раскажува дека уште додека сум бил бебе, најомилено нешто ми било да гледам во радиото дома со саати. Интересно.

Нема да издвојам ниедно, но ќе кажам дека имам неколку наши и светски тв и радио лица кои се пример за мене како треба еден човек во оваа наша сфера да се развива.

Ги следам, сега е веќе и полесно со социјалните мрежи, бидејќи со дел од нив имам и директна комуникација. Своевремено тинејџерски ми беа и емисиите.

Гледавме да комбинираме различни теми. Имавме забава, познати личности кои преку интервјуа ги советуваа тинејџерите за многу нешта, одевме низ градови да видиме како функционираат таму младите луѓе, односно ги мотивиравме да се вклучуваат во проекти, активности и слично.

– Годините носат промени и искуство. Неможеме на 20 години да посакуваме да бидеме тоа што треба да бидеме на 30 години. Затоа дозволете да бидете тоа што сте, бидете во тек со вашите години и во тек со промените.

Времето носи промени, но не ни ги враќа испуштените шанси и можности, затоа прифатете дека млад човек на публиката треба да и понуди убава енергија, свежина и насмевка.

Фрлете кошулите, вратовските и сакоата. Ќе дојде време и за тоа. Сега уживајте со вашата публика, вашите врсници и дајте им го тоа што сакате и вие да го гледате на тв“, рекол Вабе и додал:

Коментарите на публиката, нивната поддршка и бројките од рејтинзите кои ги добиваме секојдневно, ни укажуваат на тоа колку допревме до луѓето и колку тој со текот на сезоните стана еден сериозен телевисики формат кој знам дека ќе се памети.

Нормално, ќе дојде денот за промена, но сега сме на средина од тв сезоната и размислуваме само за ова“, кажал Ване во времето кога бил на Канал 5, а потоа кога дошло време за промена заминал во МРТВ.

Ване Маркоски во својот нов статус на Фејсбук напиша што е за него чуден феномен и тоа детално го објасни нашиот познат телевизиски и радио водител:

– Чуден феномен: Ставиле икони и крстови на профилни, а главни се по интернет со гн асни коментари кај стааат. Изгледа некој им кажал дека ако на ПРОЧКА споделат статус “простете ми”, толку е, завршена е работата.

За многу години нека е празникот, за оние кои во срце носат добро, за оние на кои им се смее радува и плаче душата, кои имаат емпатија и подаваат рака.

Тоа се луѓе, вистински верници без от ров во себе, кои освен луѓето, знаат дека светот е место за сите (животни, природа … ) и така живеат“, напиша Ване на Фејсбук.

Претходна статијаЏокси се отвори и кажа на кои луѓе никогаш нема да им прости
Следна статијаЏамбазов сѐ уште објавува љубвовни песни за Илина- Празна половина од креветот…