Џамбазов сѐ уште објавува љубвовни песни за Илина- Празна половина од креветот…

0

– Не сме свесни колку понекогаш ги повр едуваме другите, блиските. Кога тоа ќе го сфатиме тогаш најчесто е веќе доцна. Во животот некогаш ми се случува сите работи да ги правам наеднаш и тоа не секогаш излегува на добро.

Сега кога веќе сум созреан како личност и кога се помалку премрежија имам во себе и зад себе, со сопствените обврски справувам многу полесно“, рекол нашиот познат актер Игор Џамбазов во едно интервју за Слободен печат и потоа додал:

– Тоа што сакам да го постигнам искажувајќи ја јавно љубовта спрема Илина, не е само да покажам колку ја сакам неа, туку и да им покажам на младите дека не треба да се срамат да изјавуваат љубов.

Младиве генерации се плашат да кажуваат убави работи, а притоа четири пати ќе опцујат или ќе „истрачарат“ некого. За жал, нивните емоции како да се емотикони, оние што ги има во телефоните – раскажува Џамбазов.

– Сите муабети во оваа земја почнуваат и завршуваат за пари. Јас цел живот не сум имал однос кон парите, Уметник сум, пред се и затоа можеби не ги разбирам парите и затоа можеби изгубив толку пари.

Но, еве сега, на овие години почнувам да ги ценам. Почнувам да сфаќам колку вредам и притоа се борам и моите колеги да добијат таков третман.

Дедо ми Петре (Прличко) велеше дека глумците во негово време имале плата колку што имале министрите, а кога тој одеше во пензија, имаше колку шоферите – кажал Џамбазов во видео интервју за Слободна ТВ.

Кога ја издал книгата „Улица Диши длабок“, која е всушност збирка од негови песни, тој за Женски магазин има изјавено:

– Кога ги собрав сите на едно купче сфатив дека имам напишано премногу. Селекцијата траеше подолг период. На крајот одлучив да ги ставам сите стихови за моите песн…

Песните со Гуру Харе и бендот, текстовите што сум ги напишал за нашите најголеми музички ѕвезди како „Нокаут“, Тамара, Тијана, Ребека, Елена, Калиопи, но и текстови кои многумина прв пат ќе ги прочитаат, а мене ми се особено драги.

Тука се и неколку мои поетски обиди кои беа издадени во мојата прва книга „Тоа сум јас“ која за жал одамна не е во продажба“; изјавил Игор Џамбазов и додал:

– Израснав заедно со генерацијата која од графитите направи уметност. Тоа е времето кога секое утро по скопските фасади изникнуваше по еден нов, незаборавен графит со силна порака. На пример, најпознатиот на сите времиња секако е – „Бурек, да…“

А, кога го прашале: Кои се најдрагите спомени и совети кои ги паметиш од мајка ти Анче и од дедо ти Петре, Џамбазов одговорил:

-Се трудев да ги запомнам најубавите совети. И мислам дека успеав да ги сочувам до ден денешен. Од нив двајца научив како навистина се сака театарот.

Со посветеност и професионализам. Иако секој од нас има свои „жолти минути“, па така за 35 години во театарот нормално е да се случат и некои грешки кои за среќа не влијаеа многу на мојата кариера“.

Веќе е познато дека Игор и нашата позната алпинистка Илина Арсова не се веќе заедно, затоа што таа е во Америка, и далечината е виновна што нивната љубов заврши.

Игор на стори на Инстаграм објави една своја љубовна песна, коха ѝ е посветена на Илина, која е илјадници километи далеку, а песната гласи:

– Љубов е… Се будам, неа ја нема. Празна половина од креветот. Таа баш сега заспива. Некаде далеку. Десет илјади километри далеку.

Вдишувам од нејзината омилена маичка за спиење. Како сега да ја соблекла.

Е, тоа е љубов“, стои во песната која ја напишал Игор, ја објавила страницата Македонска поезеија, а Игор ја шернал.

Претходна статијаВане Маркоски ја отвори душата за луѓето околу него: Некој им кажал дека ако на ПРОЧКА споделат статус “простете ми”, толку е, завршена е работата…
Следна статијаАнета Наковска покажа како живее на Флорида, но и нивниот луксузен имот во Охридско