Анета Наковска покажа како живее на Флорида, но и нивниот луксузен имот во Охридско

0

Една од нашите најпознати фолк пејачки Анета Наковска и нејзиниот сопруг Спире имаат два дома, едниот е во Америка, на Флорида, а другиот е во Македонија. Во моментов, таа е на Флорида.

Анета Наковска се качи на скутер на вода, токму на Флорида и ја покажа својата супер фигура- се гледа дека пејачката доста има ослабено.

Таа се забавувала на плажа во друштво на своите пријатели и објавила и снимки како се вози со скутерот. Во оваа прилика, нашата позната фолк пејачка им порачала на пријателите:

-Мојот најубаво поминат неделен ден откако сум на Флоридава. Фала ви срцки мои“, стои во описот на овој пост на Наковска.

Како што е познато, што се однесува до нејзиниот дом во Македонија, станува збор за куќата во селото Велгошти- охридско, а Анета пред камерите на ТВ Сител во една прилика ја покажа својата куќа и раскажа:

-Ова е најубавото нешто што можев да го замислам. Овој мир, оава селска тишина, само ги ги слушам пиленцата како пеат. И планината над мене, кога сакаш можеш да се прошеташ…

Да си собереш билки, да си собереш костени било што.. Јас навистина уживам во тоа, јас сум човек што многу ја сака природата, отсекогаш, билките поготово.

Па, тука Велгошти како што е познато по ракија, си имаме најубава ракија, па јас си правам ракија со жалфија, ракија со лаванда, ракија со разни билки..

И навистина уживам во тоа, како да ви кажам? Тоа толку многу ме исполнува, што сега нема шанса да се менувам за голем град. Да, обврските се таму, мооите родители се таму.

Тие живеат во Црниче, по потреба одам, си останувам кај моите колку што е потребно, додека да звршам снимања, обврски. И си се враќам тука во еден апсолутен рај.

Најубавото нешто е што младите и луѓето воопшто почнаа да ја ценат селската средина, она што ни е оставено од нашите предци.

Да не трчаат по секоја цена во градот. Бидејќи може да се живее и многу добро на село, да се функционира, да се заработува, со земјоделие, со сточарство.

Ем ќе си имаш се домашно, непластично и прскано, со триста хеми калии да си каснеш- јас уживам тука во тоа да ви кажам право, си зимам козјо млеко, домашно месо-се.

Отсескогаш, од кога знам за себе, јас велев, јас ќе се мажам во село, јас ќе живеам на село. Или на село, или на море. Е, сега не море, езеро добив, во пакет со селото.

Што е навистина извонредно и прекрасно. Бидејќи, таа градска бучава, таа градска гужва, отсекогаш ме вознемирувала, ми прави стр ес на некој начин“, рекла Анета.

Потоа-, го пофалила својот сопруг: Што се однесува до уредувањето на домот, тоа е негвоа заслуга, ние сме две уметнички души, на различен начин- рекла Наковска.

Претходна статијаЏамбазов сѐ уште објавува љубвовни песни за Илина- Празна половина од креветот…
Следна статијаЛила се јави од рајот, еве каде одлета сега- како старо вино убава (ФОТО)