Ова е Маринела, лепотицата на внукот на Тоше, Кристијан (ФОТО)

0

За Кристијан Ристески, внукот на нашаиот ангел Тоше Проески, се знае дека е музички талентиран, а само еден доказ за тоа е песната „We are blo od“ што ја сними како посвета на Тоше, во 2018 година.

Кристијан Ристески беше во основно училиште кога го загуби вујко му. Денес, Кристијан има 24 години и студираше на Универзитетот ЕСРА.

Кристијан не сака да го споредуваат со вујко му, начинот на пеење и гласот му се сосема различни, а она што е исто е композиторот Енди Рајт од Англија, кој пишуваше за Тоше, а пишува и за Кристијан.

Младиот крушевчанец кој е популарен кај девојките добива одлични коментари за песната на Јутјуб. „Кристијан, имаш преубава боја на глас и браво, браво, браво за песната! На моменти дури и ме потсети на Тоше, тоа значи дека си со тој квалитет и дека си на добар пат“, вели еден од нив.

„Верувам дека дека вујко ми би ми кажал дека песната е многу убава.

Најважно е што е во рок стил, кој на него многу му се допаѓаше“, изјави Кристијан во времето кога ја промовираше песната, во 2018 година.

Оттогаш, тој не ја остави музиката, но е послабо активен со нови песни.

„Колку е популарен вујко ми сфатив на Градскиот стадион, на претпоследниот концерт во 2006 година, и на последниот 2007 година. Пред последниот концерт јас имав еден проблем.

Пред концертот бевме во Злокуќани, во куќата каде што живееше, игравме Плејстејшн. Јас тогаш јадев многу благо, и испив цела туба чоколаден прелив.

Пола саат пред пробата, добив труење на желудник, и наместо на проба отидовме директно во болница, па од болница на Градски“, раскажа Кристијан кај Жаре во “Еден на еден“ како Тоше поради него ќе задоцнел на концерт.

Иако за него велат дека ги освојува женските срца, тој не зборува многу за медиумите, а за приватниот живот малку му се знае.

Кристијан одамна се има преселено од родното Крушево, во кое оди, и често живее во Скопје.

Тој објави слика од својата убавица, гитарата која отсекогаш многу ја сака.

Славните музичари, своите гитари обично така ги нарекуваат. На сликата која е на Инста стори се гледа дека тој живее некаде во центарот на Скопје и ужива во убав поглед.

Ги имам слушано сите демо-песни на вујко ми, кои не се обработени. Дури ми се подраги, има многу демо-снимки само со гитара или клавир. Од новите песни што ќе се најдат на албумот најомилена ми е „Secret place“.

Тоа е совршена песна, број еден, според мене. Најдобра на вујко ми досега“, рекол тој во едено интервју за Факултети. Кристијан нема посебни планови за иднината.

Вели дека едноставно ја сака музиката и ќе остави времето да покаже што понатаму.

Со вујко ми имавме многу наши тајни места. Возевме велосипеди често заедно, спортувавме. Сите наши тајни места всушност се во Крушево.

Имаме едно тајно место горе на скијачките терени, па на Мечкин Камен. Сите ме потсетуваат на него и ги посетувам. Затоа и го ставив тој стих во песната – вели Кристијан.

Кон крајот на летото, на Фејсбук се појавија слики од Кристијан во прегратка со Маринела Кнежиќ.

Сликани се во центарот на Скопје и според сликите се гледа дека се многу среќни вљубени. За нивната љубов сведочат и коментарите под оваа слика.

-„Добар дечко е Кристијан“, е еден од коментарите. Фотката со Кристијан, Маринела ја ставила и како профилна слика на Фејсбук. На нејзиниот профил, пишува дека таа е од Метковиќ, од Хрватска.

Претходна статијаАдријан Гаџа ја гушна најважната жена во неговиот живот и покажа што прават нејзините вредни раце (ФОТО)
Следна статијаСтојне ги падна од столче нашинците во Америка – еве како им се облече (ФОТО)