Тони Михајловски до Димитриевски откако овој го обвини дека не живее во Куманово: Со прст немате мрднато 16 години

0

Актерот Тони Михајловски на 5 октомври прослави 10 години брак со својата сопруга Александра Јорева – Михаловски, и на неговиот Фејсбук профил ѝ ја честиташе со овие зборови: Среќна годишница љубави. ТСМ.

Инаку, Тони кој е кандидат за градоначалник на Општина Куманово од страната на ВМРО- ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил ги извести граѓаните дека е позитивен на вирусот и рече оти се надева дека состојбата нема да ескалира.




-Почитувани граѓани, за жал мора да ве известам дека на моето денешно тестирање од Ков ид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајки ги сите мерките за заштита на моето и вашето здравје сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого. Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долго очекуваната и заслужена промена во Куманово“, напиша Михајловски.




Во дебата на ТВ Алсат, актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски се најде со Михајловски кој се кандидира за градоначалник на неговиот роден град. Димитриевски искоментира дека Тони Михајловски не живее во Куманово.




-Очигледно е дека господинот Михајловски не живе во Куманово, и не ги знае локациите. Имаме изградено една катна гаража, дополнително три паркинзи. И тоа се едни од првите инвестции, ние ќе продолжиме да ги градиме тие концепти.




Лесно се гради на хартија, многу тешко се имплементираат прокетите. Вие спомнавте гимназија „Сами Фрешери“. Па, имавте 11 години, со прст не мрднавте. Дур пуштавте и комисии да утврдат дека во тој објект не постојат минимални технички услови за работа на образование, постојат.




Еве ги писмата од Општина Куманово, и двете ќе ги доставам на редакцијата, едното е испратено во 2018, другото во 2020, без никаков одговор. Во 2017 со Рената Дексовска успеавме да ставиме пари за инвестиции за ова училиште, за жал потоа, по смена на министерот беа тргнати парите“, рече Димитриевски во дебатата.




-Постојано го повторувате тоа господине Димитриевски дека јас не живеам во Куманово, морам да ве разочарам, живеам во Куманово, повеќе можеби имам направено за Куманово, повеќе од вас.




Ако велите дека некој со прст не мрднал за 11 години, притоа алудирајќи на владата на ВМРО- ДПМНЕ, јас можам да ви кажам дека вие со прст не мрднавме 16 години, толку време сте во локалната власт.“




Потоа Димитриевски му покажа каталог со фотографии за Куманово, а Михајловски рече: Лесно е то да се поаже, со тоа не би се пофалила ни ОТО секција во основно уличиште, а камо ли еден градоначаник за 16 години.

Навистина вашиот каталог за 16 години, 4 како градоначалник, 4 како претседател на совет, и 4 како советник, значи тоа се вкупно 16 години“, рече Михајловски, на што Димитриевски му одговори: 12. „Значи вашиот каталог требаше да изгледа 5 тома најмалку.




За жал, програмата којашто треба да ја направиме во Куманово треба да биде пет томска, а не вакви листови“, изјави Тони во дебатата.

Претходна статијаФолк пејачките Ирена и Росана упатија порака до Ване Маркоски, еве за што му честитаат (ФОТО)
Следна статијаРисто Пенов раскажа детали за бизнисот и за семејството, а Бени Шаќири објави: Е, ова беше градоначаник (ФОТО)