Ристо Пенов раскажа детали за бизнисот и за семејството, а Бени Шаќири објави: Е, ова беше градоначаник (ФОТО)

0

-Веќе подолго време јас не учествувам во јавниот живот и веќе не сум дел од тие политички дебати или јавни настапи. Сигурно 5-6 години не сук се појавил на телевизија“, рече поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов во едно појавување на ТВ во 2019 година воемисијата „Екслузив“ на тогашната ТВ 21.




Ристо Пенов со својот професионален ангажман започнал во органите на управа на Град Скопје каде што работел на проблемите на економскиот и просторниот развој на градот, и на тоа место се задржал до 1986 година кога станал советник во економскиот тим на Петар Гошев. Бил раководител во претпријатието „Ангрокожа“ (1990-1993).




Во политичкиот ангажман бил секретар на Демократската партија до нејзиното фузионирање со Либералната партија во 1997 година, потпретседател (19 април 1997 – пролетта 1999) и претседател на Либерално-демократската партија.

Во 1996 година на Локалните избори бил избран за Градоначалник на Град Скопје, а вториот мандат го добил на Локалните избори во 2000 година. По завршувањето на градоначалничката функција, Пенов бил во два мандати пратеник во Собранието на Македонија.




Во истото интервју Пенов потоа одговори на прашањето какво беше Скопје тогаш, а какво е денеска. „Па, многу различно. Тоа беше пред 20 години. Скопје е прилично запуштено, со ниски стандарди. Не можам да речам дека многу е сега Скопје подобро, понапредно е секако, но голем дел од функциите слабо функционираат.




Луѓето не се комотни во однесувањето. И тогаш беа тешки времиња, меѓутоа не гледам дека насмевката стигнала до лицата на скопјани. Јас секаде се движам. Утринско кафе традиционално пиеме во „Корзо“, и потоа денот започнува.




Мојот ден е релаксиран, не сум ништо посебно ангажиран, со децата, со семејството водиме еден фамилијарен бизнис, во кој синовите и снаите се главните. Не можам да речам дека се каам. Ако зборуваме за градоначалничкиот период, тоа што е направено, јас се уште со гордост по него се движам, го гледам, се возам, и тие се убави проекти.

Тоагш имавме многу мали буџети, многу малку ингеренции за да можеме да решаваме поголеми проблеми во градот. Денес е сосема поинаква состојбата, но веројатно и проблемите се поголеми, потешки за решавање.




Јас ако можам да речам дека со нешто се гордеам, патеката покрај кејот, тоа се направи во мое време, и едно нешто што е максимално искористено, автобуската станица, спортската сала. Се обидов и плоштадот, меѓутоа потоа ми го разрушија и направија нешто друго.

Улиците низ Скопје што ги направивме. Атмосферската канализација, се се тоа дела кои остануваат“, рече тогаш Пемов и потоа се присети на младоста и на ноќниот живот на Скопје каков бил во негово време и зборуваше за сопругата.




-Јас бев млад во едно сосема друго време, кога во 10 часот навечер се гасеше телевизија, рестораните затвараа. Додуша, ние многу, многу ретко влегувавме во ресторани, кејот, корзо, кај Кенан, такви беа излегувањата. И првите диско клубови, тогаш се отвараа, Техометал преку мост, потоа Панорама, Мусандра и така натаму.




Сопругата ми е од школска клупа, од Корчагин, прва и последна. Заедништвото, компромисот денес е актуелен. На теме а љубов јас не можам да давам совети, но можам да кажам дека мчадоста треба да се посвети на учењето, тоа е време за учење, за стекнување знаења и потоа да се збираат плодовите. Кога во младоста тоа ќе се пропушти, потоа не се надоместува“, рече Пенов.




Потоа ја коментираше технологијата денес: Тогаш за првпат излегоа првите мобилни, и ретко кој имаше мобилен телефон, јас по функција добив. Така што, денешнава технологија е тешка за мене. Кога добивам нов апарат ми треба голема помош од децата“, рече Пенов.




Музичарот Бени Шаќитри кој се кандидира за градоначалник на Скопје го сретна Ристо Пенов и на својот Фејсбук профил објави фотографија со овие зборови: Со мојот другар Ристо Пенов, е ова беше градоначалник!

Претходна статијаТони Михајловски до Димитриевски откако овој го обвини дека не живее во Куманово: Со прст немате мрднато 16 години
Следна статијаОвој наш познат автор ја напиша тажната песна на упокоениот Васил Атанасов, неговиот син се огласи на Фејсбук (ФОТО)