Орце Царот ги покажа внуците и ќерката, таа е копија на мајка си Дракче (ФОТО)

0

Познат и признатб пејач долги години е Орце Стевковски – Царот, кој го издаде своето ЦД насловено како „Тука ми е коренот во Македонија“, посветено кон сите македонци во странство. Овие песни се со јасна порака и повик да се вратат во родната земја.




Царот е добро е познат на македонската публика, но и пошироко како пејач со многу хитови, многу турнеи низ Австралија, Канада, Америка, Европа и многубројни солистички концерти.




-Да има само песна, песна, само песна, се повеќе песни а помалку политика. Јас сум веќе во разговор со веќе мои колеги, пријатели, време е да свикаме еден собир, ќе зборуваме два три саати, четири саати, во одбрана на нашите песни, нашите имиња и нашата музика која што е во самиот врв во светот.




Значи, дали е тоа намерно, или се погрешни луѓе на погрешно место поставени, се помалку се пушта македонска песна. Јас ја сакам секоја врста музика. Српска романска, босанска, турска…, странска забавна. Меѓутоа, да не се сака своето. Тоа е нешто невидено.




Или, тој што не сака, треб да си оди од тоа работно место. Никој нема право. Дали е тоа македонска телевизија, дали е тоа било која одредена телевизија, се помалку се пушта нешто што е квалитетно, и што е во денешниот миг актуелно.




Не можеме ние, Нова година чекаме со у м рени пејачи, Велигден исто. Ние сме сега ѕвездите: Војо, Блага, Благица, Анета Молика… Сите наши пејачи се актуелни во рамките ма целиот балкански простор, а ги нема, зошто?




Некој нека се подзамисли, да не грешам, зашто колку зборувам, повеќе ќе грешам, јас сум емотивно многу набоен за овие теми, и користам прилика еве како еден апел, многу брзо мораме да седнеме и да се договориме- што понатаму?




Не може никој да си игра со нашите имиња и со нашата музика. Тоа е чудно нешто во оваа наша татквоина што се случува. Се што е добро, сака некој да го зга зи. Зошто е тоа така, мора да се застане.




Секој човек на којшто не му е место на право место, нека си оди или ние ќе го тргнеме“, изјави Орце во едно интервју за РБ Тв, додека беше жив Војо Стојановски.

Стефковски долги години е во брак со Драгица Стефковска-Драгче, која е Тв водител позната по својата емисија „Патот на светлината“ Таа и Орце се 36 години во брак, од кој имаат две ќерки и пет внучиња.




Драгица во една прилика изјави дека за да се зачува бракот потребно е разбирање и отстапки. Тоа според неа е тешко поради менталитетот во нашата земја, кога секој сака да знае се за другиот, за комшијата и слично.




Благодарение на цврстиот карактер и гледајќи си го домот и блиските секогаш си силен, вели таа.

Орце на Фејсбук ги покажа своите внуци кои му се голема гордост, но и ќерката Ана која на една од нејзините слики е со својата мајка. Ана е убавица, исто како и мајка ѝ.




Претходна статијаТијана се врати во Македонија со посебна причина, објави слика со луѓето кои ја вратија (ФОТО)
Следна статијаЛеб и паштета, стари јакни, сметки едвај ако успееме ќе платиме, и некако тераме: Познатата новинарка ја опиша сликата како живееме сите