Леб и паштета, стари јакни, сметки едвај ако успееме ќе платиме, и некако тераме: Познатата новинарка ја опиша сликата како живееме сите

0

Новинарката Валентина Ѓорѓиевска- Парго го даде своето мислење за тоа како се живее кај нас, и во Фејсбук статус детално објасни:




-На истекот од денов, во кој бев многу зафатена и не сфатив што се деси точно, кој каде доби, би сакала да ви избистрам една важна работа, како засегната граѓанка на оваа такоречи држава.




И на медиумите исто. Не бираме победник бираме градоначалник/чка. “Победи ” немаме зошто победник се гласа на Евровизија, имаме избор на градоначалник, кој ќе ја врши должноста на прв човек на жителите на едно место, во целосен склад со уставот и човековите права.

Не знам колку пати напишав дека ни името ни личноста ни партијата не ме интересираат, се чувствувам заробена и на удар на зл ог ласни здружувања и кога не можам тоа да го променам ни во своја ни во општа корист, тоа останува да го игнорирам. Или да мислам дека го игнорирам.




Никој нема право толку да униш тува човечки животи и судбини со своето пак осно однесување и злоуп отреба на службена положба, но самите гледаме што се прави и какви ликови седнати се и седнуваат на најважни места.




Јас уште не можам да се изначудам на вашите толкувања на ликови за градоначалници, за кои прв пат слушнавме дека воопшто и постојат, да ги нарекувате и увеличувате на ниво на некакви си врвни стручњаци, како на пример госпоѓата за која јавноста прв пат дозна а била наводно според вас еколошки експерт, а при толку загадување ниедна фабрика незатворена, ништо не решено. Што да кажам, ајде?

Многу многу незамисливо многу ми е жал што мојата судбина и иднина е препуштена во рацете на униш тувачи (барем од она што досега го гледаме) и што мора да живеам без трошка надеж за подобро заедничко утре.




И што морам да живеам дистанцирана од се, зошто таква искреирана реалност не е во склад со мојот концепт на човек. Цела конструирана врз ла ги, изм ами и тру лежи.
Советниците кои треба да ги советуваат ( као) оние што ќе одлучуваат за нашиот општествен живот, можам да речам само едно – Господ на помош! Ако и тој може нешто да стори.




Е сега, што е единствено утешно во сево ова. Ние сме преж ивелици, секако ќе преживееме, дури постоиме. Не сме научени на аздис. Леб и паштета, стари јакни, сметки едвај ако успееме ќе платиме, и некако тераме.

Виѐ! Кои седнувате на тие фотелји. Треба да сфатите. Луѓето што ги избирате околу и за себе стануваат ваша директна среќа или нес реќа, прашање на време е само кога ќе се претворат во едното или другото .




Виѐ мислите сте ги зафркнале. Ги имате околу себе да ви трчаат и да ви ја завршат работата. Јок. Вие влегувате во тоа со ваша професија, авторитет и углед, тие влегуваат без професија, без пари, без статус, без ништо.




За само неколку години се се менува. Вие излегувате со големи загуби, оддалечени од својата професија, каде вашето место го зел друг, угледот и честа ви се стопил и ги нема, парите веќе не менуваат многу.




А тие, во меѓувреме стекнале (незаслужено) професија, пари и статус-односно она што вие сте го имале сега го имаат тие, и се над вас. Секако, и нивното здравје е далеку подобро од вашето, затоа што тие во меѓувреме го јачале со даровите што сте им ги давале, вие сте го изгубиле.




Нивниот живот станал поубав за онолку за колку вашиот станала полош. За фу фиците да не зборам, ќе ми треба леген за повр аќање…
Што значи-не сте не зафр кнале нас, не сте зеле од нас за да дадете нив, давате од вашето.

И за крај – мислите будалите и глупите сте ги зафркнале и искористите, ама тие додека вие си мислите трчаат за вас, ќе сфатите на крај дека трчале за себе. И тоа успешно.

Виѐ мислите дека (по) будалите и глупите ги искористување ама тие имаат еден природен заштитен механизам колку повеќе ги “искористуваш” , тие повеќе добиваат,а ти губиш.

Не ме интересира што ќе направите во иднина, знам со кого си имам работа, мое е да направам да сте подалеку од мене и да ми помогне и Бог колку што може, иако знам тешко е.




Некои може ќе се налутат, ама и јас се лутам, зошто мојот живот заради нивниот лошотилок, алчност, поквареност не е тоа што треба да биде.

За другите вас не знам како размислувате и делувате, знам само дека и робовите еден ден се побуниле кога виделе што се и како живеат, нешто што за вас е непојмливо и вие така ќе си терате.

Не ни паѓа на памет да честитам никому, може само да набљудувам да видам што ќе правите. И знам дека од мене некаво си обединување не чекајте. Тоа е завршен филм.“

Претходна статијаОрце Царот ги покажа внуците и ќерката, таа е копија на мајка си Дракче (ФОТО)
Следна статијаБрена за Драгана Мирковиќ: Ме остави на цедило, нема ни трунка човечност во неа