Каролина Гочева, нашата позната музичка ѕвезда ја сакаат сите генерации, а она што на музички план таа уште на лето го најави е нов албум со преработки на стари песни од познати македонски композитори.
-Избравме и преработивме 11 од најубавите македонски евергрини од 50ти, 60ти, 70ти години- златната ера на македонската музика, потпишани од некои од нашите најмаркантни автори Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…
Секако дека планираме и нестрпливо го чекаме денот кога со вас ќе се дружиме и во живо, што ќе се случи во прва прилика штом ќе може да се работи онака како што се работеше до пред појавата на пандемијата“, изјави Каролина.
Минатиот месец, таа прослави честити години брак со уметникот Михаил Корубин и по тој повод беа на одмор во Турција, од кој Каролина објави некоку фотографии на Инстаграм, а една од нив покажува како сопругот ја бакнува.
„Понекогаш знам да потфатам по дома, сакам да готвам. Не сум совршена, но сакам да експериментирам и сакам да правам некои работи“ вели Гочева. Таа истакна дека иако со нејзиниот сопруг Михаил Корубин и двајцата се уметници сепак успеваат да го прилагодат времето како им одговара во едно интервју за емисијата „Екслузив“.
„Тоа се прашања кои така се поставуваат. Прво кога ќе се мажиш, па потоа кога ќе родите бебе. Се разбира дека би сакале и тоа да се случи, но животот самиот си ги планира работите“, рече Каролина во истото интервју.
Каролина последниве месеци не настапуваше поради пандемијата, а ја издаде песната „Идила“, која предизвика големо внимение во јавноста. Таа имаше настап на Струмица опен фестивалот летово и напиша: Прв настап пред публика после повеќе од година ипол. Фала Струмица!
Каролина објави снимка како пее една од најубавите песни на Тоше, „Илузија“, по повод 14 години од загубата на овој наш голем уметник, а песната е од авторите Кире Костов и Мина Даниловска. Каролина на Инстаграм напиша:
-Песнава му ја засакав уште кога ја слушнав демо снимката пред повеќе од 20 години….
Можеби не е од неговите најголеми хитови, но мене секогаш ме враќа во едно преубаво време и ми буди прекрасни спомени… Напишана од чичко Кире (Костов)…
Илузија За Тоше“.
Минатата година, таа на 13 годишнината од загубата на Тоше објави стара слика од својот добар пријател и напиша: Не може да се заборави некој кој направил толку многу за паметење. Засекогаш во нас…“.
Никола Перевски- Пере е добар пријател со Каролина, но и со Владо Јанесвки. Пере објави заедничка слика со Каролина и со Владо од едно дружење, во опуштено издание и посака да го повторат. Перевски до сликата напиша:
Драга фотографија,на вкусно кафе со колегите… Би било и фантастично да се дружиме Нокаут,Каролина & Владо Јаневски (Unplugged) на заеднички концерт“, стои во описот на сликата.