Васил Атанасов сите го паметиме како пејачот кој го испеа големиот македонски фолк хит „Пpок лет да е кој не раздели“.
За него знаеме дека е од Струмица, и во деведесетите години кога оваа песна беше голем хит тој беше препознатлив и по имиџот соодветен за тогаш.
Носеше палта во разни бои, беше крупен човек, и живееше во родната Струмица. Подоцна, Васил се пресели во Германија, но неговата Струмица никогаш не ја заборави, и секогаш велеше дека на својот град е многу горд.
Срцето на Васил за жал престана да лука денес, а оваа вест на Фејсбук ја објави неговата сестра која го нарече најдобриот брат и вујко. Васил се упокои во Германија по долго боледување.
„Жална вест. Драги фб пријатели на мојот брат и вујко Васил Атанасов. Денес ни е најцрниот ден во животот. Поч ина насиот најсакан брат и вујко денес во 05 часот сабајле кој ни го откина срцето од бо лки во тие тешки моменти.
Мојот брат Васил Атанасов пред 5 години имаше же стока ка вга со својот син Горан Атанасов и сега е Влахов по мајка му Љопа Влахова, кои ги интересира само пари да им даваш а не те питат дали имаш.
Му купи појачало и фендер гитара и бара уште и така синот Горан по наредба од мајка му се откажа од татко му и од неговото презиме кој беше Атанасов и го зема презимето на мајка му.
Мојот сакан брат Васил Атанасов многу патеше због тоа и доби од јак стрес нерамнотежа на телото, пред една година лежеше во болница и го оп еpираа на вратот и после таа опеp ација се шлог ираше и не мозеше да оди и дури дојде до колица.
Јас Ленка и мојата внука Аница кои сме кај него од кога падна болен не го оставивме сам. Јас како негова сестра го негував и истото од тај стрес доби висок шеќер и од шеќерот му се расипаа и двата бубрега и сега три недели лежеше во болница во Лудвигсбург.
Јас и мојата внука Аница од сестра ми Гонца одевме по три пати во денот во болницата да го храниме затоа што тој самиот не можеше да јаде ни да пие.
Три недели само супа јадеше не можеше друго и сношти после вечерата брат ми падна во ко -ма и ние со Анче се вративме дома во неговиот стан плач ејки сами без никој да не утеши. Едино ми беше само брат ми Васе и тој ни беше се и сабајле во 05 часот кога заѕвони телефонот од болницата се јавуват и ние се стр есо вме знаевме што ке ни кажат.
И кажаа дека брат ми поч инал му откажале бубре зите да дојдеме во болницата да му ги земиме стварите. Во тој тежок момент не можев пола саат да си ја соберам душата за мојот најсакан и најдобар брат.
Нема син да го донесе во Македонија да го пог реб име затоа што неговиот е грешник и го интересираат само парите, парите се трошат и пак се добива ама таткото кога ке поч ина не се враќа само останува грешен пред Бога, и сега брат ми ќе биде пог ре бен во Германија во Лудвигсбург“, напиша сестрата на Атанасов.
Инаку, на Фејсбук профилот на популарниот пејач синот никаде не е споменат, ниту има слика од него. Она што може да се забележи е дека бил многу религиозне човек, верувал во Бог, и голем патриот, човек мкој со цело срце ја сакал Македонија.
Тој споделувал и слики од фитнес салата, и во последно време доста ја намалил тежината, а кога пееше во Македонија го паметиме како крупен човек. Пример во животот и како личност и како пејач му била Лепа Брена, што исто така се гледа по споделувањата на нејезината музика на Фејсбук профилот.