Елена или Маријана, чии нозе се подолги – двете водителки го „здрмаа“ Инста (ФОТО)

0

Сите се согласуваат дека жените со долги нозе се убави и привлечни и сите мажи би сакале да имаат жени со долги нозе кои одат како грациозни газели. Меѓутоа, оваа 29-годишна Русинка го изненади светот со должината на нејзините нозе.




Екатерина Лисина уште од рана возраст виде дека ќе биде исклучително висока, достигна висина од 205 см, што е импресивна висина за жената. Сепак, тоа не е главниот физички атрибут што го одвојува од другите.

Верувале или не, должината на нејзините нозе е 133 см, што е нов Гинисов рекорд. Лисина решила да стапи во контакт со тимот од Гинис, кој потврдил и со тоа ја прогласил Екатерина за жената со најдолги нозе.




Сепак, ова не е единствената титула која ја има освоено. Младата Русинка е и највисоката манекенка на светот, па држи два рекорда кои ретко која девојка ќе успее да ги собори.




На прашањето како живее со толку долги нозе, згодната манекенка го даде следниот одговор: „Среќна сум што имам толку долги нозе, бидејќи така изгледам грациозно и убаво. Во младоста имав проблеми со самодовербата бидејќи децата на училиште ме задеваа за нивната висина, но сега сум среќна и свесна за мојата убавина.




Се разбира, оваа висина и овие нозе исто така имаат свои недостатоци, така што најголемиот недостаток е кога ќе се качам во автомобил или авион, бидејќи е речиси невозможна задача да се вклопам. Сепак, и покрај сите тешкотии, никогаш не би ги сменила нозете“, изјавила Екатерина.




Инаку, Екатерина Викторовна Лисина е родена на 15 октомври 1987 година), позната и како Екатерина Лисина, освен што е руска манекенка е и поранешна кошаркарка. Таа моментално е носител на Гинисов рекорд како највисок професионален модел.




Во текот на својата кошаркарска кариера, таа се натпреваруваше за Руската репрезентација на Летните олимписки игри 2008, освојувајќи го бронзениот медал.

Во 2014 година ја заврши својата професионална кошаркарска кариера и стана професионален модел и е основач на агенцијата за модели „World’s Tallest Models“. Лисина имаше два светски рекорди – рекорд за жена со најдолги нозе и за највисок професионален модел 2,06 метри и се појави во Гинисовата книга на рекорди 2018 година.




Таа, исто така, е официјално призната како жена со најголеми стапала од која било жена во Русија. Во октомври 2020 година, светскиот рекорд за жена со најдолги нозе и припадна на тинејџерката од Тексас, Маци Курин, која има над 2,08 m. Лисина се уште ги држи другите рекорди.




На социјалнатта мрежа Тикток, Екатерина има 8.6 милиони следачи, каде што често објавува видеа како танцува со своите долги нозе. На на Инстаграм пак ја следат 800 илјади луѓе.

Наша долгнога уавица е Марјана Станојковска. Не колку Екатерина, но Марјана која е Мис и водителка секако може да се пофали со своите убави и долги нозе. Маријана се сликаше со уште една убава водителка која има долги нозе, а тоа е Елена Стефановска, позната како Елена- Живот со стил.




Маријана била гостинка кај Елена во емисијата живот со стил и двете се сликаа со куси фустани, а Маријана под сликата која ја објави на Инстаграм напиша: Just two fashionable girls.




Прекрасен ден поминат со мојата драга Елена. Нова сезона “Живот со стил” нови кандидати и нови модни предизвици. Благодарам на поканата бејб“, напиша Маријана.

Претходна статијаОвој човек изигра важна улога во животот на Ѓорѓи Колозов, еве зошто беа толку поврзани (ФОТО)
Следна статијаАнета Наковска со сопругот поседуваат луксузен ресторан кој личи на замок (ФОТО)