Анета Наковска со сопругот поседуваат луксузен ресторан кој личи на замок (ФОТО)

0

Анера Наковска е долги години присутна на македонската фолк естрада, уште од кога беше многу млада. Таа има настапувано на доста турнеи и веселби кај нас како и во дијаспората, за нашинците со нејзините песни и со македонски народни песни.

Но, Анета не секогаш се занимавала само со музика, таа во една прилика раскажала дека сепак имала и друга професија кога не е поврзана ниту со музиката, ниту со естрадата или музичкиот бизнис. Всушност, таа сменила неколку професии пред да се реализира во музичкиот бизнис.

Анета во едно интервју има раскажано дека нејзина прва работа била во агенција за недвижности. Подоцна, таа почнала да заработува работејќи во фирмата на нејзините родители.

Но, тоа не било се за Анета, таа се обидела и како книговодител. Потоа, работела и на шанк во кафеана која била сопственост на нејзините родители. Тука не застанува приказната за промената на професиите на убавата и згодна Анета.

Таа била вработена и во еден мобилен оператор. На почетокот, работела во правна служба, за подоцна да премине во продажен салон. Нашата позната фолк пејачка во една професија се задржала најдолго, а тоа не е музиката.

Таа најдолго се задржала во инфо-центарот на истиот тој мобилен оператор. Девиза на Анета е за тоа дека човекот треба секогаш чесно да работи. Таа се согласува со онаа стара народна поговорка- џабе работи, џабе не седи. Анета во една прилика рече дека тоа е всушност нејзиното животно мото кое ја води во текот на животот.

Има и слична приказна од нејзината колешка Тијана Дапчевиќ, која во Србија почна како водителка, а таа е инаку и пејачка и актерка и свири виолончело. За српското издание на магазинот „Хелоу“ Тијана Дапчевиќ раскажа дека првиот работен ангажман го имала на 16 години.

– Снимив реклама за еден популарен пијалок и добив солиден хонорар. Веднаш отидов во шопинг, си купив капут и чизми и бев најмодерна во училиште – објасни Тијана Дапчевиќ.

Исто така, пејачот Ѓоко Танески во младоста сменил повеќе професии. Пред дваесетина години работел како шанкер, келнер и таксист. Во една прилика призна дека добро се снашол на овие фронтови и дека и денеска не би се срамел повторно да го работи истото.

Дуото ДНК имаат слична приказна со професиите. „Во 2005 година една сезона работев како келнер на позната плажа на Халкидики во Грција – откри Андреј во една прилика. Панчо, пак, за џепарлак заработувал уште во тинејџерските години. Прво бил менаџер на јуниор-забави, а работел и како келнер и шанкер.

Анета Наковска веќе има искуство со угостителство, а сега сериозно се занимава со таа професија. Имено, таа и нејзиниот сопруг Спире го менаџираат ресоранот Деспина во селоото Велгошти, кој е во нивна сопственост. Претходно, овој простор беше нивната семејна куќа, а сега е ресторан.

Според Фејсбук страницата на ресторанот, секогаш има некои поефитини понуди на пакети на храна со пијалоци, а настапуваат колеги од македонската фолк естрада на Анета.

Сликата што пејачката ја објави е мошне интересна, целиот простопр личи на некој луксузен замок, а не на ресторан каде што се јаде домашна храна и се пее народна песна.

Претходна статијаЕлена или Маријана, чии нозе се подолги – двете водителки го „здрмаа“ Инста (ФОТО)
Следна статијаПознатиот глумец кажа зошто жена му мораше да ја напушти работата (ФОТО)