Нашата позната пејачка на ќерка си и направи роденден како во холивудските филмови (ФОТО)

0

Елена Петреска, познатата наша пејачка која како хорист во Операта е посветена и на класичната музика, ужива во ешта една своја улога а тоа е мајчинството. Таа е мајка на Софиа и на Михаел.




– Мајчинството е најубавата работа која ми се случила. Децата се неизмерна љубов, позитивна енергија и радост. Ми се оствари желбата да имам и син и ќерка. На лик се многу слични, дури на моменти како близнаци, а во карактерот се многу различни.




Многу се мали да зборувам за нивните интереси, но ако уште отсега се гледа, Софиа ќе биде балерина, а Михаел ИТ менаџер. Тоа се моите прогнози (се смее). Важно е да се живи и здрави. Што и да работат во животот да биде од љубов, да бидат задоволни и духовно и материјално.




Во Македонската опера и балет сум веќе десет години. Точно е дека многу уметници заради несигурниот статус и климавата атмосфера одбираат и сигурна основа. За среќа, мојата примарна работа е уметничка, па не ми претставува напор. Напротив.




Како пејач на класична музика амбициите одамна ми се намалија. Иако како мецосопран имав доста понуди и можности да студирам и да пеам надвор од државата, сепак нешто ме одвлече од таа насока, очигледно не требало да биде.




-Свирките ми се канализирање на енергија, се чувствувам опуштена, слободна и своја. После второто породување договорив повеќе настапи однапред и не бев свесна дека во овој период со две мали деца не е воопшто лесно да ја усогласам работата со домашните обврски.




Затоа, сега сум повеќе дома и уживам во секој момент поминат со нив. Тековните интервјуа и фотосесии ги закажувам во текот на денот додека Михаел е во градинка, а Софиа со дадилката.




Нашата работа е поврзана со чести патувања, среќаваме луѓе со различни карактери, па освен убави имало и непријатни моменти. Со текот на времето и искуството ја научив психологијата на луѓето и вешто избегнувам тензични ситуации“, изјави таа во една прилика.




Елена отворено раскажа како го поминала вирусот птред неколку месеци на Инфективната клиника и му се заблагодари на тамошниот поерсонал за помошта и за поддршката.

Ќерката на Елена и на Андреј наполни 5 години, а тие ѝ организираа ептен филмски роденден, на трева, во нивниот дом, а забавата за малата принцеза изгледа како од холивудските филмови.

Со розова торта, шаторче и сите деца среќни под него, забаата на Софиа била како во бајка.

Претходна статијаЛила веќе не носи панталони во јавност, ниту фустани, поудобно ѝ е без нив (ФОТО)
Следна статијаНе дозволувајте идиoти по ФБ да ве манипулираат – јас направив тест по точно 6 месеци од втора доза и резултатот беше одличен