Лила веќе не носи панталони во јавност, ниту фустани, поудобно ѝ е без нив (ФОТО)

0

Мене карантинот ми дојде како еден одмор и ми овозможи убаво да се одморам од сите ангажмани после долги години“, изјави во една прилика нашата најпозната Тв водителка Лила Стојановска.




-Едноставно уживав во уметноста на неправење ништо. Средив многу работи за кои претходно немав време, прочитав многу книги, изгледав многу филмови и серии и конечно го најдов времето кое сакав да му го посветам на мојот мачор Рагнар.




Карантинот ме научи и на една нова работа, а тоа е дека можам без многу работи за кои претходно мислев дека не можам!“, изјави Лила во Женски магазин а птоа доби прашање: Кој период од животот Ви бил најтежок?

– Периодот кога го изгубив човекот кој ми беше најголема поддршка во животот – мојот татко! И ништо не се споредува со тој губиток, иако знам дека сега тој е мојот ангел чувар“.




Како што кажав и предходно, тоа беше мојот татко, но сега тоа е син ми Филип, како и неколку блиски драги луѓе. Не се многу, но се вистински пријатели на кои можам секогаш да се потпрам и се до мене кога ми се најпотребни!“ Таа за својата работа зборуваше во интервју за hybrid.mk.




-Сите луѓе треба да ја работат својата работа одговорно и морално, за да ја задржат професионалноста. Ова што го работам мене ми е многу природно. Јас воопшто немам ритуал или начин на кој јас сега ќе бидам професионална и успешна.




Едноставно така функционирам и тоа е мојот начин на работа. Тоа е во мојата природа и карактер што е навистина голема предност. Не сум човек кој има работа што го фрустрира. Мене работата ми е задоволство.




Како што банкарите работат во банка, касиерката во супермаркет, така и јас ја работам мојата работа професионално. Како што тие мораат да ја завршат работата и да пријават промет на крајот од денот, така правам и јас со мојата работа.




Одговорам за сработеното пред очите на јавноста. Тоа значи дека помеѓу моето водителство и телевизиската работа и која било друга професија, апсолутно не постои разлика, ако пристапот е професионален.




Мојот најголем комплимент сите овие години не е врзан за изгледот, дали сум добра водителка, дали сум пријатна со публиката, туку впечатокот на останатиот свет дека сум професионална и дека сум човек од збор, стигнувам на време, мразам доцнење, го почитувам туѓото, но и своето време.




Тоа значи дека мене сите овие години што поминаа, точно 23 како сум пред тв екраните, интензивно работам и повеќе или помалку секоја година имам проект“, рече познатата водителка и инфлуенсерка.




Лила објави ептен фенси слика, на која е облечена само во дуксер, и тоа со Мини Маус. Сликана навечер на скопските улици, водителката на квизот Се или непо напиша: Можеби ќе можеме да уживаме во животот, вечерва.

Претходна статијаУбавата водителка Елена раскажа што правела во пет сабајле (ФОТО)
Следна статијаНашата позната пејачка на ќерка си и направи роденден како во холивудските филмови (ФОТО)