Не дозволувајте идиoти по ФБ да ве манипулираат – јас направив тест по точно 6 месеци од втора доза и резултатот беше одличен

0

Министерот за здравство Венко Филипче, денес информираше дека имал состанок со претстаници на „Фајзер“, на кој раговарале за плановите за следната година и за нивните сознанија во однос на клиничките испитувања.




Сите испитувања досега, посочи министерот, одат во насока дека најверојатно трета доза ќе биде потребна, но чекаме тие наоди да ги официјализираат.

Околу бројот на вакцини во земјава, Филипче наведе дека во овој момент има сосема доволно.




– Околу 300 илјади дози се на располагање, 115 илјади дози на вакцини од „Астра Зенека“, 110 илјади „Фајзер“ и 100 илјади дози од „Синовак“ и ја имаме оваа континуирана количина која што доаѓа од 30-40 илјади секој понеделник или вторник од компанијата „Фајзер“, посочи министерот.




Тој повторно укажа дека не треба да постои сомнеж кај граѓаните и оти сите вакцини се безбедни.

– Не треба да има сомнеж. Сите вакцини се безбедни и тоа е докажано и од нашето искуство. Мали некои несакани ефекти коишто се типични генерално за вакцините – црвенило итн., освен онаа компликација што ја имаше една мала девојка која што е опишана во литературата, меѓутоа и таа помина добро.




Значи, вакцините се безбедни, направени се на безбедни платформи, така што вакцинацијата е единствениот процес којшто ќе го спаси светот од оваа пандемија, нагласи Филипче.




Во однос на новиот сој, министерот рече дека ги чекаа научните созананија.

– Кога ќе се појави една варијанта без разлика каде е или станува типична за некој регион или брзо се шири. Има типични соеви на вирусот за поединечни некои региони.




Точно е дека има нова варијација на вирусот, меѓутоа тоа е нешто што воопшто не е изненадување. Овој тип на вирус има тенденција да мутира во различни делови. Се уште е рано да се кажат карактеристиките на овој најнов сој на вирусот.




Ги чекаме научните сознанија. Она што досега се знае за досегашните соеви на вируси е дека важат истите принципи вакцинацијата и општите превентивни мерки, додаде Филипче.

Со оглед на тоа што се уште има граѓани кои се двоумат дали да се имунизираат и веруваат на разно разни теории кои се шират на социјалните мрежи, ви пренесуваме порака од читател кој го раскажа своето искуство:




„Здраво, живеам во Соединетите Американски Држави и имунизиран сум со втора доза на 17 февруари оваа година. Летово бев во посета на татковината и некаде на почетокот на август, одлучив да направам тест за антитела.

Тукушто почна новиот бран и многу позитивни случаи на дневно ниво, па се прашував дали сум заштитен. Тестот го направив во лабораторија во Ѓорче Шетров, а резултатот беше дека имам 6 пати повеќе антитела од минимумот.




Во разговор со матичната, ми беше објаснето дека ова е одличен резултат, со оглед на тоа што се поминати 6 месеци.

Затоа, сакам да порачам. Не верувајте на разноразни идиоти по социјалните мрежи, кои пласираат некакви видеа и теории на заговори. Вакцините очигледно одлично си ја вршат својата работа и би апелирал секој да се имунизира.




Тука јас каде што жиовеам, во САД, никој и не испитува антитела, напротив, имунизацијата во државата Њујорк е околу 70 проценти од населението и животот е речиси нормализиран.

На многу места, па дури и во маркети, маски не се носат. Односно, носи само тој што сака и не е имунизиран. Поздрав“




Името и презимето познати на редакцијата на Галама

Претходна статијаНашата позната пејачка на ќерка си и направи роденден како во холивудските филмови (ФОТО)
Следна статијаОва е дечкото на мајката на Прија, пејачката многу го бендисува очувот (ФОТО)