Лепа Брена ги покажа нозете насвојата јахта, исто како во времето на „Миле воли диско“ (ФОТО)

0

-Секогаш сум сакала да пеам македонски песни, ја обожувам македонската музика и мислам дека некако најубавите забави биле со македонски песни, не само тука во Македонија, туку каде и да одам. Како може да се пее, а да не се испее некоја македонска песна“, рече големата фолк-ѕвезда Лепа Брена во едно интервју за Центар.мк




Кога гостувала пак во емисијата Еден на еден, таа рекла дека би сакала нејзиниот прекра да е Франческа, а не Лепа Брена. Брена даде интервју и за Женски магазин.

-Јас сум многу лоша готвачка. Многу сум подобра организаторка. Готвам само ако морам или ако децата ми побараат. Инаку, знам се да готвам. Кога бевме мали, мајка ми не учеше да месиме леб, за да не мораме надвор да одиме да купуваме кога беа силни зими.




Навечер месевме леб за да го имаме свеж за на сабајле, а преку ден правевме мекици и пити. И ако ме прашате кој е најубавиот спомен кој веќе на себе си не можам да си го дозволам, тоа е да го замесам лебот навечер, утредента да го испечам, и потоа да го јадам со домашен путер и со оној познат џем од сливи кој во себе ги имаше и лушпите.




Некои можеби претпоставуваат дека денес нашата куќа мириса на парфеми и на некои вештачки мириси, но сепак, нашиот дом најмногу мириса на храна.

Големо семејство сме, сакаме да се собереме на маса и заедно да јадеме, тоа ни е традиција, само што јас некако се научив да живеам под рачна кочиница поради љубовта кон мојата работа и поради поччита кон моето здравје. Во овие години, треба многу повеќе да се негуваме.




Боба тогаш стана генерален застапник за Мерцедес. Стефан беше многу мал и две години живеевме на Водно. Јас навистина ужував во тој период.

Тој во животот беше посветен на многу проекти за кои јавноста никогаш не дозна и тој никогаш за нив не сакаше да зборува. Таа негова скромност, таа желба медиумски да не се експонира, се уште ме фасцинира“, рече Брена во Женски магазин.




На младите генерации им велам: блазеси ви што тоа не сте го доживеале, вие немате по што да жалите. Ние сме генерација која е осудена да пати по некои минати времиња. Денес се живее без љубов, без почит. Луѓето живеат за лајк на Инстаграм.




Јас се уште живеам за прегратка, за поглед и за друштво и не сакам телефони на маса кога седам и кога се дружам со моите пријатели. Тоа во меото семејство е забрането- да стои телефон на маса за време на ручек и на вечера.




Лајф комуникацијата е лајф комуникација. На моите деца им велам дека погледот е многу поважен од лајкувањето, и дека прегратката и љубовта се многу поважни од еден мобилен телефон“, изјави Брена.




Пејачката објави неколку фотографии од летниот распуст, а најзабележителна е првата на која пејачката позира на јахта. Фолк ѕвездата Лепа Брена веќе некое време ужива на море во Црна Гора, од каде редовно се рекламира на социјалната мрежа Инстаграм.




Имено, таа сега објави неколку фотографии од летниот распуст, а најзабележителна е првата на која пејачката позира на јахта, додека нејзината позадина е во преден план.

„Кога морето и самракот ги дадоа своите магии“, напиша Брена во описот на фотографијата, со комплименти подолу.




Совршено затегнатото тело на прагот на 61 година,годините што Брена ќе ги наполни на 20 октомври 2021 година, ги воодушеви нејзините придружници.

„Секој дел од изгледот“, „времето застана за тебе“, „oтмено, знаеш како да уживаш“, „Блазе ти, ќе живееш 100 години“, „Убава како и секогаш“, „Кој не би сакал да изгледа како тебе во тие години “, се некои од комплиментите под фотографијата.

Претходна статијаТурунџиева: Толку многу имав од Атиџе слушано, конечно дојде денот и да ја доживеам (ФОТО)
Следна статијаИ Џамбазов почна да планинари, Илина му е инспирација, со кого си таков си (ФОТО)