Турунџиева: Толку многу имав од Атиџе слушано, конечно дојде денот и да ја доживеам (ФОТО)

Целиот свет беше фасицинарм од медената пчеларка Атиџе, која ја игра главата улога во документарецот „Медена земја“, македонскиот кандидат за Оскар.




„Цел живот сум во Бекирлија, а до 28.јануари минатата година, кога си замина после 4 години поминати во постела, со мене беше и мојата мајка. Претходно тука живееше целото семејство, мајка ми, татко ми, јас и тројцата браќа.




И откако памтам сме имале пчели. Поголемиот брат ме научи да собирам мед од дивите пчели и тоа го правам од дете, 40 години, па и повеќе. Како дете не сакав, многу ми беше страв од пчелите, но полека, полека мораше нешто да работам и да помагам, па се научив и сега немам гајле.




Еднаш цела кошара со пчели, додека ја вадев од карпите, ми падна во шијата, ме искасаа, ама ништо не се случи, се измив со ладна вода, ги извадив боцките и толку беше. Здраво е да те касне пчела, не ти требаат после инј-екции, а медот што го даваат тие, овој природниов мед, е вистински лек.




На оној кој јаде ваков мед, не му требаат лекарства. Јас си правам сама лекови со медот. На пример, многу е здраво за лек, мед, масло, ореви и лимон, или пак, ако си грипосан или грло те боли, доста е во млака вода да разматиш 1 лажичка мед.

Дури и за тие шеќер што имаат овој мед е лековит. Јас така се лекувам“, изјави Атиџе во интервју за artkujna.mk.




Инаку Атиџе во нејзината куќа немала ни телевизор. „Не ми недостасува телевизија…еее, јас сум гледала телевизија во боја уште кога никој немаше, кај една роднина во Штип кога бев мала, донесоа телевизор од Германија и гледавме таму.




Не ми недостига мене телевизор, туку луѓе, муабет да направам со некого. Затоа се радувам што ќе се преселам во куќата што ја купија за мене во село Дорфулија (општина Лозово), таму има и струја и вода, ама што е најважно, луѓе има.




Затоа со нив ми беше убаво (покажува со главата накај членовите од филмската екипа), сѐ правевме заедно.

Инаку, ова село е 3 ипол саати пешки до моето село, ама таму ќе одам само кога ќе треба за пчелите и за медот, кога ќе биде топло и наесен кога треба да се собере медот“, вели Атиџе во истото интервју.




Атиџе нема деца. Никогаш не била мажена, па кога Хусеин и Љутвие и нивните седум деца, а потоа и нивните пчелини кошници, се стационирале покрај нејзината куќа, таа била радосна што ќе има друштво.




Сега, нејзината нова куќа во Дорфулија е готова, а во тоа ѝ помогна нејзината пријателка Сузана Турунџиева, и многу други хумани луѓе. Сузана и Атоџе се дружат интензивно последнава година, а Сузана во последната објава раскажа колку научила од Атиџе.




Двете се сликани покрај реката Брегалница, во крајот на Атиџе, а Сузана вели дека е радосна што за првпат е во тоа село.

-Толку многу имав (од Атиџе) слушано за убавините на река Брегалница, конечно дојде денот и да ја доживеам… Фала ти животе“, рече Сузана.

Претходна статијаЕлена Велевска им порача на комшиите да не ја озборуваат, ама смени и професија (ФОТО)
Следна статијаЛепа Брена ги покажа нозете насвојата јахта, исто како во времето на „Миле воли диско“ (ФОТО)