И Џамбазов почна да планинари, Илина му е инспирација, со кого си таков си (ФОТО)

0

Во времето кига ја издед книгата „Облечен човек“, Игор Џамбазов даде интересно интервју за Фешнел.мк. Всушност, сите негови и интервјуа се интересни, а кое не било?




– Време е, време. Мислам дека можеби требаше и порано да се случи ова, „облекувањето“. Но, ете така некако се погоди во меѓувреме да влета онаа книга на мојата мачка, која ги поремети плановите за околу две години. „Облечен човек“ е стара идеја.




Всушност, „Облечен човек“ се роди во истиот момент кога завршив со „Голиот човек“. Се разбира дека голиот човек еден ден ќе мораше да се облече, и ментално и физички. Убави се тие кругови во животот што се затвораат понекогаш.




Еве кај мене се затвори на еден најубав, најпрецизен начин. Понекогаш има некои отстапувања, но кај мене за среќа се погоди сè како што треба. Има точно десет години од издавањето на „Гол човек“, и тие години излегоа како еден временски период доволен за да се случи облекувањето на вистински начин.




Тој е сега еден од највлијателните и секако најинтереснте луѓе на Инстаграм кај нас.

– Гледаме, сè почесто си одат луѓе што никогаш во животот не запалиле цигара, не пиеле алкохол, немале стресови…Не ги интересирале никакви пороци и одеднаш ќе се случи некаква трагедија, просто не ти се верува. Што знам, има некои луѓе, особено од мојата бранша што Господ ги чува, на некој чуден и необјаснив начин.




Можеби и јас сум еден од тие, иако не верувам во Господ. Но, ете од некои причини и мене ме чува… Можеби поради тоа што сум се трудел да не им правам многу лоши работи на луѓето, односно, сум избегнувал ситуации кога сум можел да им направам нешто лошо.

Целата дест-рукција што ми се јавила во животот од разно-разни причини сум ја усмерувал на својата личност. Сум си давал автогол, на некој начин. Веројатно поради тоа и покрај сите перипетии, се чувствувам добро, се трудам да изгледам добро, да работам нормални работи, некои работи што ќе останат засекогаш…




Верувам дека моите книги се токму тоа, нешто што ќе остане засекогаш за идните генерации. Книги кои се сведоштво за едно турбулентно време – крајот на минатиот и почетокот на овој, 21-ви век.

И ако ништо друго, мојата генерација треба да биде среќна што живеела во едно, можеби најважно време во историјата. Време во кое нема повеќе светски вој-ни, а тие всушност секојдневно ни се случуваат…




Време на технолошки напредоци, каде што за само 72-часа се менуваат најновите типови на мобилни, лаптопи и не знам какви сè можности на пазарот. И тоа е тоа што ги менува луѓето, а истовремено ги асоцијализира, ги прави да бидат интровертни кон себе, особено младите.




Тие комуницираат пред компјутер, на Фејсбук, Твитер, нема жива комуникација, нема допир, нема ништо… Овие книги тоа сакаат да им објаснат на младите, дека некогаш добро се живеело, замисли и без Фејсбук и без Твитер, мобилен телефон…




Мислам дека успеав во намерата, бидејќи веќе сретнав неколку условно кажано млади луѓе, на кои многу им се допаднала книгата, иако им е сè уште чудно какво е тоа време во кое ние сме живееле…“, рече Игор.




Тој најави дека е при крај монтажата на новиот спот за песната која се вика “Love is so good”, а според она дека ја означил Илина Арсова во објавата на Инстаграм, јасно е дека на неа ѝ е посветена песната.

Во спотот има кадар како Игор се качува на планина, а како што велат, со кого си- таков си. Тој своето ново дело вака го најави на Инстаграм.




– Денес, со @sashkopotter го завршивме спотот за мојата “Love is so good”, премиера на Јутубот, во среда на 8ми, на празникот…
@ilina_arsova“

Претходна статијаЛепа Брена ги покажа нозете насвојата јахта, исто како во времето на „Миле воли диско“ (ФОТО)
Следна статијаПеро Камиказа има само една работа по која жали во животот и ја нарекува тажна