Елена Велевска им порача на комшиите да не ја озборуваат, ама смени и професија (ФОТО)

Естрадниот магазин “Бекстејџ„ ја започнува новата 14-та сезона во која најавуваат многу новитети. Еден од новитетите е тоа што првата недела ваши домаќини ќе бидат јавни фаци кои го задржуваат вашето внимание.




Во понеделник ваш водител ќе биде фолк пејачката Елена Велевска, во вторник водител ќе биде Андреј од дуото ДНК… а кои останати јавни личности ќе се најдат во истата улога останува да видите во 16.15 премиерно и 22.15 репризно на Телма, објави muzika24.mk




Сите естрадни актуелности, ексклузивни интервјуа, но и рубрики ќе бидат само дел од новите содржини во новата 14-та сезона, рубрика во која стручни ликови ќе го коментираат изгледот на познатите.




“Едноставен живот„ рубрика во која познатите ќе ги видите во светло какво што најмалку очекувате, “Вирално” ќе се бави со тоа што познатите објавуваат на социалните мрежи. “Во прв ред” ќе присуствува на секој актуелен настан, промоција, и на гледачите ќе се пренесе атмосферата од прв ред…

Елена Велевска, познатата пејачка која сега станува водителка е секогаш интересна во медиумите и на социјалните мрежи. Таа во интервју за Слободен печат го изјави следново за нејзиниот приватен живот откако се раздели со Маријан со кого има три деца:




-Сама на себе си станав досадна кога е таа тема во прашање и си ветив дека за прашањата поврзани со она кое што се случи изминатиот период, ќе молчам. Кажав сè што имав да кажам и повеќе од доволно е. Во мојот живот не се случува ништо поинакво од она на секој кој го чита ова.




Како и во секоја професија така и во оваа има луѓе кои сакаат да ти наштетат, љубоморни се… Во оваа професија ако немаш расчистено со егото ќе си имаш проблем.

Не можеш ти секогаш да си најдобар, не можеш секогаш ти да имаш полни концерти, кога и на „поголемите“ им се има случено да имаат промашено песна, турнеја и во тоа нема ништо страшно.




Отсекогаш сум се трудела да бидам најдобра верзија од себе и единствен „натпревар“ што го водам е со самата себе.

Кој што си прави, за себе си прави. Никогаш не сум сакала да престанам да се занимавам со оваа професија, себично би било од моја страна доколку помислам на такво нешто, а имам публика и кариера која трае повеќе од 20 години.




Постојат моменти кога се заситувам и правам пауза и повторно нов почеток. Со секој нов проект, песна за мене е нов почеток. Често ме прашуваат како успевам да изгледам како што изгледам и секогаш го одговарам истото.

Работам на себе, вежбам и внимавам на исхрана. Нема ништо спектакуларно тука. Обврските околу децата придонесуваат плус да сум во кондиција…




Мојот најголем успех се децата, па кариерата, се справувам со сите предизвици да можам на нив да им пружам пристојно детство. Не се разгалени воопшто, не одат во приватни училишта и немаат ништо повеќе од тоа што има секој нивни врсник. Кога го работиш она кое те исполнува можеш сè.“




Елена на Фејсбук најави нов спот, кој има скококтлива приказна. Во една сцена таа поминува во мини фустан, а две комшкики ја гледаат чудно и ја озборуваат. Со тоа, пејачката сака да му порача на народот да престанат да ја озборуваат.“

Песната се вика „Овој живот убав е“, и Елена на Фејсбук ја најави екипата со која рабтои. Текстот за песната го напиша Орце Зафировски.




/НАСКОРО/НАСКОРО/НАСКОРО/ ” Овој живот убав е „ /нова песна, видео НАСКОРО / Музика- Артан Кастрати Текст: Орце Зафировски“, напиша Велевска на Фејсбук.

Претходна статијаЕдвај чекам Цеца да ми стане снаа – проговори братучед му на Богдан, најпознатиот српски водител (ФОТО)
Следна статијаТурунџиева: Толку многу имав од Атиџе слушано, конечно дојде денот и да ја доживеам (ФОТО)