Едвај чекам Цеца да ми стане снаа – проговори братучед му на Богдан, најпознатиот српски водител (ФОТО)

Светлана Цеца Ражнатовиќ (47) веќе извесен период е во врска со 38-годишниот Богдан Срејовиќ кој живее во Белград, а потекнува од Крагуевац.




Според пишувањата на српските медиуми тие се запознале на роденден кај пријателка на пејачката, а по неколку седмици дружење започнале емотивна врска.

Од Нова Година наваму парот започна јавно да се појавува заедно, а во медиумите постојано осамнуваат фотографии од нив.

Богдан веќе долги години е успешен во својот бизнис на поле угостителство, зад себе има еден брак, од кој ја има ќеркичката Искра. Всушност, неговата поранешна сопруга Зорана Тасовац сега е во врска со пејачот Саша Ковачевиќ.




Зорана и Богдан се развеле пред 5 години, а убавата Зорана веќе 3 години е во врска со Саша.

Инаку, Цеца ја запозна и мајката а Богдан и рече дека тоа било случајно. Како што тогаш објави „Ало“, пејачката убаво ја поздравила, а мајката не ја криела радоста поради фактот што нејзиниот син е со толку убава, паметна и успешна жена.




– Родителите на Богдан се навистина прекрасни луѓе. Неговиот татко Милош е поранешен спортист, а мајка му е во приватна работа.

Никогаш не се мешаа во одлуките на Богдан, но секогаш го поддржуваа во сè. Дури неодамна им рече дека е во врска со Цеца, и двајцата немаат што да се жалат.




На Милош, неговиот татко, сè му беше јасно кога го виде својот син и забележа колку е среќен, а тоа е единствено што му е важно во животот.

Откако го информирал татко му дека е во врска со Цеца, тој исто така решил да ја извести неговата мајка на неформален начин, за неговата избраничка.




Во моментот кога беше со Ражнатовиќ на ручек, пристигна видео повик од Лондон. Богдан разговараше долго со неа, а потоа во еден момент ја сврте камерата кон Цеца, која ја поздрави „свекрвата“.

Мира беше воодушевена и не ја криеше среќата затоа што нејзиниот син е со толку убава, успешна и паметна жена – рекол изворот на споменатиот весник, а на пејачката секако и било драго поради тоа.




Водителот Огњен Амиџиќ откри дека „едвај чека неговиот братучед да се ожени со Цеца Ражнатовиќ“.

Братучед на Огњен му е Богдан Срејовиќ, партнерот на пејачката, кој дури треба да гостува во неговата емисија.




“Цеца и јас разговаравме за доаѓање во емисијата со ќерка ѝ Анастасија, но искрено, после тоа не се слушнавме. Сега ќе морам да ги поттикнам да дојдат на шоуто преку мојот братучед Богдан Срејовиќ!”, Рече Амиџиќ и продолжи:




“Ние двајца сме братучеди преку мојата прабаба од Пљевља. Би сакал да се венчаат. Ако Цеца се омажи за Богдан, јас ќе бидам на страна на младоженецот со братучедите”.




Водителот Огњен Амиџиќ неодамна го загуби облогот од сопругата, па мораше да ја обои косата во руса.

Претходна статија(ФОТО) Додека во бикини се разладуваше под тушот, Спенџарска кажа мудри мисли
Следна статијаЕлена Велевска им порача на комшиите да не ја озборуваат, ама смени и професија (ФОТО)