Познатата пејачка, ќерка на познат музичар откри дека добила понуда да влезе во политика (ФОТО)

0

Леана Таќи или Леа е пејачка, која својот талент го има населдено од својот татко, познатиот музичар Гранит Таќи од „Лева патика“.




„Неправда, па тоа е неправда, имаш ти, немам јас“, се стихови кои нема кој не знае да си ги потпевне.

Леа инаку акитвно се знаимава со спорт и тоа триатлон. „Денот без исклучок ми почнува со појадок (и кафе) и тренинг .




Во последно време малку редуцирав на кафе, па сега пијам утрински чај со родителите.

Најчесто ме мотивираат приказни за луѓе од секојдневието. Сакам да слушам за нивните добиени и загубени битки и сакам да учам и да се инспирирам од нивните приказни.




Ме мотивира и мојата лична амбиција, бидејќи таа е нешто што секогаш ме следи и си живее со мене. Ме мотивираат и убави зборови од блиските“, рече таа во Женски магазин.

На нејзиниот Фејсбук профил, многумина коментираат на нејзината објава во која Леана јавно кажува дека добила понуда да влезе во политика.




-Од исповедите на една Леа. На овие избори, повеќе од било кога досега, ми пристапија прекрасни луѓе со прекрасни предлози за мое евентуално инволвирање. Морам да признаам, поради типот на луѓе кои ми пристапија, многу озбилно размислував да прифатам.

Многу сум благодарна за искуствово бидејќи ми помогна да се потсетам на работите кои вистински ми значат во животот. Целата бунтовност, сѐ што сум и сѐ што знам – ѝ го должам на музиката. Таа била со мене од пред да прозборам, низ сите најубави и најтешки периоди во животот.




Да се приклучам кон било која политичка иницијатива, за мене ќе значи да си ја предадам и запоставам музиката. Сметам дека местото на уметниците е да бидеме пазачи – благословени сме со умешноста да комуницираме на начини кои допираат до луѓето – и ова е многу озбилна мисија.




Наше е да бидеме секогаш искрени и со отворени 100 очи околу неправдите кои се случуваат наоколу. Задача ни е да бидеме конструктивно бунтовни. Политичкото инволвирање, едноставно носи други одговорности и може да ја одземе моќта на еден пазач.




За мене, кандидат за било која јавна функција, треба да е личност со интегритет. Личност која има емпатија за сите живи битија, дури и кога тоа не ѝ/му е работа за која е платен/а. Личност од која зрачи љубов.




Многу внимателно давајте ги своите гласови. Многу битни години го очекуваат човештвото и токму затоа треба да одбираме со 100 отворени очи.
Затоа и ќе продолжам да следам тука, однадвор, и ќе продолжам да ѝ служам на својата земја со уметност и 100 отворени очи.




П.с. Ако некој си ја препознае фотката, нека ме потсети кој беше за да дадам фото кредит.

Претходна статијаИгор Којиќ низ песна го нарече бракот со Северина ѓубре
Следна статијаДрагана Мирковиќ се врати во Србија, еве што е причината