Игор Којиќ низ песна го нарече бракот со Северина ѓубре

0

Во регионалните медиуми како бо-мба одекна веста дека Северина и Игор Којиќ поднеле барање за развод во загрепскиот суд и нивниот брак бил официјално завршен, а сега и двајцата потврдија дека тоа дефинитивно се случило.




По Северина која се појави во хрватските медиуми преку својата ПР служба, Игор Којиќ сега истото го стори со симболична фотографија на Инстаграм.

Имено, Игор има едната рака крената во воздух, исто како што тоа го правеше  фронтменот на рок групата Квин во музички спотови и настапи.




Тоа беше еден од заштитните потези на Фреди познат по хитовите „Сакам да се ослободам“ и „Не ме спречувај сега“.

Да потсетиме, со својата последна објава, Северина стави до знаење дека го живее животот во потполност и по разводот.

Некогашните партнери од неодамна не се следат на  Инстаграм, а Којиќ исто така ги избриша сите слики со Северина, додека пејачката минатата година не објави фотографии со нејзиниот сега веќе поранешен сопруг.




Шпекулациите кои траат повеќе од една година дека Северина и Игор Којиќ веќе не се во брак, добија и формална потврда.

Пејачката јавно го потврди крајот на бракот со младиот Којиќ. Сепак, за Севе животот продолжува, што го потврди на социјалната мрежа Инстаграм со најновиот пост.




Новоразведената пејачка позираше во предизвикувачка поза на хрватскиот брег.

Таа беше облечена во зелено бикини, а напорната работа и вежбите го дадоа резултатот што може да се види по обликот на нејзиното тело.




Тазе разведен и совршен / Топ! / Леле! / Убава жена – се само дел од коментарите на следбеникот на социјалната мрежа Инстаграм.

Северина и Игор Којиќ ја интригираа јавноста со месеци со нивната недефинирана брачна врска.




Иако никој од нив не се огласи по тој повод, се знаеше дека тие живеат долго време на различна адреса – таа во Загреб, тој во Белград.

Но, најинетерсната обајава на Игор е е песната „Во два чистачиет ќе однесат ѓубре“, песната од Рибља Чорба која ја постираше на Инстаграм додека весело се насмевува.




Дали со оваа песна тој Северина и нивниот брак ги нарече ѓубре?

Претходна статијаНашата позната водителка раскажа за што ќе ѝ биде потребно 27 години во Австралија (ФОТО)
Следна статијаПознатата пејачка, ќерка на познат музичар откри дека добила понуда да влезе во политика (ФОТО)