Марјана Станојковска е долги години една од нашите најубави и најпопуларни ТВ водителки, а сега и инфлуенсерки.
Марјана кариерата ја започна како модел и има освоено многу титули за убавина низ целиот свет.
– Мислам дека телевизијата тоа го бара ,односно гледачите. Секој сака да види пријатно и насмеано лице на ТВ екраните. Навистина се трудам да ги испочитувам во тој поглед.
А и некако се навикнав, сама се шминкам и си ја правам фризурата, така што за јавен настап се подготвувам за час и пол и не ми претставува никаков проблем, напротив уживам во тоа.
А како успевам да бидам насмеана? Јас сум по природа ведра особа и најверојатно таа моја енергија допира до останатите луѓе и ме доживуваат на таков начин. Тоа е дел од мојот карактер.
Водителката често е активна на социјалните мрежи каде најчесто објавува фотки од нејзиниот професионален живот, додека е на сцена, или пак рекламирајќи одреден бренд, производ.
Марјана е активна и успешна и како инфлуенсерка на Инстаграм, па доста често има нови ангажмани за разни производи, особено козметички.
На нејзината витка фигура може да и позавидат многу млади девојки, а Станојковска со години важи за згодна убавица по која воздивнуваат мажите.
Станојковска, бидејќи постојано е пред камери, поради професијата многу често мора да има шминка на лицето, па затоа јавноста ретко може да ја види во природно издание.
Марјана неодамна објави слики како ужива во Италија, во Портофино, кое се смета за едно од најромантичните места во целиот свет.
Портофино е колонија која е лоцирана во градот Женева, на италијанската ривиера. Градот е опколен околу малото пристаниште и познат е по колоритните градби кои се протегаат долж брегот.
Овој град кој порано најмногу бил посетуван од рибарите кои оделе на риболов, сега е претворен во гламурозно место кое е преполно со лускузни вили, дел од нив во сопственост на Армани и Долче и Габана.
Убавата Марјана која долго време е водителка на Лото, на среќното семејство Велковски им ја честититаше освоената седмица на лото, и ја сподели нивната приказна:
Честитки од срце до среќното семејство Велковски од Визбегово за освоената рекордна 7-ка вредна 669 000 евра!
Им благодарам за тоа што се согласија да ја споделат својата среќна приказна со целата македонска јавност .
Поздрав до г-нот Мите, неговата сопруга Лена, синот Дејан и до ќерката Снежана , која не можеше да присуствува на снимањето, но ја очекуваме во некоја следна прилика да дојде кај нас во студио.
Велат дека среќата не може да се опише со зборови , не им се верувало дека тие навистина се добитници на лото премијата иако потајно се надевале на добивката.
На г-нот Мите му се исполни желбата , а тоа е да ги обезбеди со стан своите внучиња.
Разговорот со среќните добитници погледнете го кај мене на стори.