Зафирчев за своите верувања: Во моментов се случува раздвојување на световите

0

Еден од начите најпознати највпечатливи актери е Васил Зафирчев. Серијата „Преспав“, е единствената наша серија која ја сними својата петта сезона, и со емитувањето на секоја нова, јунаците од серијата стануваат се поомилени кај гледачите.




Во улогата на лажниот готавч Марио, кој полека ги совладува готварските вештини го гледавме Васил Зафирчев.

-Многу ми е драго што Марио е еден од ликовите што го сакаат повозрасните, а особено децата. Снимањето колку што е интересно, истовремено е и тешко и интензивно“, изјави Зафирчев во интервју за Репортер.




– Марио е како мачка во карактерот. Се појавува кога најмалку го очекуваш, прави заплет во ситуацијата, но крајот се дочекува на нозе, и го добива она што го наумил.

Превртливоста и вештата манипулација остануваат неговиот заштитен знак“, изјави Зафирчев во интервју за 7дена.мк.




Зафирчев го најави своето ново шоу „Кујната на Марио“, каде што готви вкусни јадења.

Гости на Марио, според најавата ќе бидат токму неговите другари од „Преспав“: Талат, Инспектор Томе, Коста, Тони.. Зафирчев на Фејсбук, пред да почне да се емитува серијалот најави:




Во кујната на Преспав, Марио и неговите добро познати гости ви подготвуваат 10 фантастични рецепти – што би рекол Марио – prste za polizat! Забавувајте се, гответе и уживајте!“, рече Зафирчев.

Зафирчев, покрај тоа што е одличен актер е интересен за јавноста како поранешен сопруг на Калиопи. Васил и Калиопи беа седум години во брак, а имаат снимено и заедничка песна. Тие се и денес блиски и повремено соработуваат.




„Со Калиопи отсекогаш сме биле пред сè добри пријатели. И секогаш не врзувал искрен однос и меѓусебно почитување. Таа ми е една од најблиските во животот. Искреноста, талентот и алтруизмот ме фасцинираат кај неа“, има изјавено Зафирчев за Калиопи.

Тој е нејзина голема поддршка, а и таа е негова. Васил е инаку вработен во Велешкиот театар, во својот роден град и таму има изиграно успешни улоги.




Минатата година, тој сподели интересна, фотографија од премиерата на “ХЕРОИ 04:33” на театарот Јордан Хаџи Константинов – Џинот во Велес.

Таа претстава се одигра во рамките на 45. Млад Отворен Театар. Меѓу луѓето кои му честитаа на оваа изведба е и Калиопи. Таа му даде аплауз со емоџи, на кој тој ѝ се заблагодари.




Калиопи која редовно пешачи како што вели- по 10 километри на ден, објави видео како пешачи по скопскиот кеј. Но, на крајот од видеото таа покажува кој ѝ прави друштво. Тоа е Васил Зафирчев.

– Интелигенцијата, хуманоста, лојалноста, доверба, се квалитетите на луѓето со кои ги чекорам истите чекори низ животот и ја делам истата љубов кон вечното пријателство. Со нив уживам да поминувам километри“, објави Калиопи.




Зафирчев во интервју за Женски магазин зборуваше за своето детство.

Имав убаво, спокојно и безгрижно детство во родниот Велес, кој во тоа време беше еден од најуспешните и најпросперитетните индустриски развиени градови во тогашна Југославија.

Наследив добро домашно воспитување од родителите и семејството и смерници за вистинските вредности во животот.




Во најубаво сеќавање ги имам бескрајните детски игри низ велешките маала, во Дворови, на Мегдан или Црна Џамија, возбудливите авантури на Вршник и Костурница, возењето со велосипед до Езерото Младост.

Пливањето на Вардар или пак по вировите на Бабуна и Тополка, дружењата со врсниците од другите градови низ детските летувалишта и зимувалишта во Македонија, како и долгите летни одмори со родителите на Јадранот на кои запознав пријатели од цела Европа, а со дел од нив и денес одржувам комуникација.

Васил верува дека се случува раздвојување на световите, и сподели линк од хрватски портал, но ги назначи зборовите со кои сак да испрати порака.




Во моментов се случува раздвојување на световите. Во текот на, а посебно после завршувањето на процесот на Трансформација, луѓето со различни вибрации (што значи и со различни нивоа на Свесност) сѐ помалку ќе комуницираат едни со други, а потоа во завршната фаза ќе престанат да се гледаат едни со други. Буквално ќе бидат во различни димензии.”

Интересни тези на нашиот познат актер, кои терат на длабоко размислување.

Претходна статијаСо парите од седмицата ќе купат стан на внучињата: Марјана ја раскажа приказната на семејството кое доби на лото
Следна статијаБорче „Донирај компјутер“ прозборе за своето здравје и за она од што се плаши (ФОТО)