Лоба кидна на одмор кај што нема Македонци и објави слика од која застанува здивот (ФОТО)

0

Убавата пејачка Викторија Лоба својата кариера ја започна на детската Евровизија со Марија Арсовска, а сега е една од нашите најатрактивни пејачки, а веќе и инфлуенсерки.




За Викиторија е познато дека е во врска со Ѓорѓи,скопскиот бизнисмен, а свадбата ја одложија поради пандемијата за некои подобри времиња како што рекоа, кога ќе може да се прави голема журка.

Таа е по потекло од Русија од местото Тангарог, а во едно интервју за Хибрид, зборуваше за својата родна земја.

– Заради обврските, Танганрог не го посетувам доволно често во последно време, меѓутоа кога одам таму се навраќам на детството, бидејќи до прво одделение живеев и учев таму, а од второ одделение живеам во Македонија, во Скопје.




Имам семејство таму и секогаш ми е убаво да се враќам. Срце полно емоции имам за тоа место кое што се наоѓа на Црно Море, градот на Чехов, основоположникот на драмата во светот.

Танганрог е град богат со културни манифестации, светол и убав град. Го посетувам најчесто во лето на две недели бидејќи толку ми дозволува слободното време. Јас сум личност заљубена во својата работа и не можам да бидам долго без пеењето(се смее).




Од многу мала ги „замарав“ сите околу мене со пеење (се смее). Се сеќавам ја пеев „Мy heart will go on“ на сите околу мене. Интересно е тоа што имав желба за пеење, но не ми беше ни на крај памет дека тоа ќе ми прерасне во професија.

Знаете, најубаво е да го работите тоа за кое што имате вистинска страст и талент, а јас имав среќа мојата страст кон музика да се реализира во една убава приказна, во добра професија која што ми донесе многу предности во животот“, рече таа.




Викмторија во истото интервју зборуваше за тоа со каков маж би сакала да биде и напиша: Љубовта мора да биде без резерва. Тој што ќе ме држи за рака цел живот, прво треба да биде добродушен.

Маж кој е злобен и лош никогаш не може да дојде до мене. Добродушноста ја ценам кај било кој човек, посебено кај партнерот. Емоционална интелигенција, стабилност, поддршка, разбирање, почит… Сите работи потребни за љубов и успешна врска односно, здрава врска.




Убавата Вики е сега на одмор, ама избра грчки остров кој не е популарен меѓу напиот народ, што значи дека вистински ќе осмара и нема сликања и авторграми.

Таа објави слика од една прекрасна морска панорама и напиша: Сино море, розево однесување.




Станува збор за грчкиот остров Лемнос, кој е избор на Виторија за кива лето.

Лемнос е грчки остров во северниот дел на Егејското Море. Административно островот формира посебна општина во рамките на регионалната единица Лемнос, која е дел од Северниот Егејски регион.




Главен град на островот и седиште на општината е Мирина. На 477.583 квадратни километри, Лемнос е 8-тиот најголем остров на Грција.

Лемнос е претежно рамен (со повеќе од 30 песочни плажи), но на запад, а особено на северозападниот дел е планински. Највисоката точка е планината Скопија на надморска височина од 430 метри.




Главните градови се Мирина на западниот брег, и Мудрос на источниот брег на островот.

Претходна статијаЛамбе рекламира вила со пет ѕвезди на Халкидики, и на Грците им пее песна од Гоце Аранудов (ФОТО)
Следна статијаКристијан, внукот на Тоше објави на кое место го наоѓа својот мир (ФОТО)