Ламбе рекламира вила со пет ѕвезди на Халкидики, и на Грците им пее песна од Гоце Аранудов (ФОТО)

0

Иако долго време не е во музиката, Ламбе уште го сака публика од сите генерации. тој својата кариера ја започна на натпреварот за таленти „М2- потрага по ѕвезда“ со „Спаси ме“.

Во исто време, на истиот настан, своите кариера ги започнаа и Елена Ристеска, Туна, Фор Плеј.

Девојките го обожаваа, а Ламбе по оваа песна редеше уште мноху хитови: „Море од солзи“, „Кажано е се“, „Врати ми го срцето“… Ламбе имаше успешна кариера и многу концерти.

Пејачот веќе пет години живее во Америка. Замина со сопругата Магдалена и со постариот син Михаил, а потоа им се роди уште еден син, Диитриј.

Многумина ме прашуваат за музиката и мојата кариера, ќе кажам само дека сето тоа е ставено во мирување но не е сосема напуштено, ние сме фамилјарно и сега опкружени со песна!

Веќе петта година сме со мојата сопруга Магдалена во САД, тука живееме. Да поправам некои дезинформации дека не живееме во Флорида, ние сме во Детроит.

Мои добри пријатели живеат во Флорида па ние често сме таму како и на топлите краишта од овој континент и претпоставувам дека сте помислиле живееме таму по објавените фотографии.

Работам како транспорт оператор со своја мала фирма, а сопругата е прво добра и грижлива мајка а во слободно време се занимава со нејзината професија како медицински кодер на софтвер.

Многу ми помогнаа нејзините на самиот почеток тука да се навикнам на промените.

Можам слободно да кажам едно, дека можеби сум овде физички присутен но срцето и душата ми се во Македонија“, изјави Ламбе во интервју за Женски магазин.

Ламбе е познат како многу религиозен човек. На Божиќ, тој објави видео како со многу љубов пее божиќна песна, честитајќи им го големиот праззник на своите пријатели.

На видеото се гледа дека Ламбе воопшто не се сменил, напротив, личи како да се подмладил. Очигледно е дека животот во Америка му годи на Ламбе.

Пејачот е сега, по сторињата што ги става на Инста, дома во Македонија. Прво се пофали дека е во родното село Љубојно, потоа стави слика од синот како игра фудбал во Битола, а последните негови сториња се од Грција.

Ламбе на голема врата ги фали апартманите со пет ѕвезди во кои ужива на Халкидики, во местото кое е популарно за македонците, Калитеа.

Потоа, објави уште едно стори како си седи со ѓезменце, винце и на гитара пее една убава македонска народна песна, а тоа е „Мојата серенада“, една прекрасна песна од Гоце Арнаудов.

Претходна статијаНајозборуваната водителка ќе ја води „Задруга“ – Јована добро се продаде
Следна статијаЛоба кидна на одмор кај што нема Македонци и објави слика од која застанува здивот (ФОТО)