Кристијан, внукот на Тоше објави на кое место го наоѓа својот мир (ФОТО)

0

Кристија Ристески е изграден млад музичар, со завршен Универзитет за музика. Тоје внук на Тоше Проески и го чест на неговиот вујко ја испеа песната We Are Blood.

Поминаа четврнаесет години од снимањето на „My Little One“, која е дует помеѓу Кристијан и Тоше, а е објавена постхумно, откако Тоше си замина.




-Приказната за таа песна е многу долга и широка, но еве накратко.. Додека вујко ми го подготвуваше неговиот англиски албум „The Hardest Thing“, во Крушево, јас постојано бев околу него и го следев што прави, како свири…

Одвреме навреме си ја потпевнував „Nothing Else Metters“ од Metallica, бидејќи тогаш таа ми беше омилена и така некако спонтано настана и „My Little One“, изјави Кристијан во интервју за Точка.




Студирам музика во Скопје, но не би рекол дека целосно сум одлучен да се занимавам со неа, односно дека би правел песни, засега само премногу ја сакам и многу ме исполнува“, рече Кристијан и потоа искоментира за споредбите со вујко му.

-Споредбите воопшто не ми годат, бидејќи никој не може да го замени вујко ми. Како што веќе ви реков, јас само многу ја сакам музиката… Ние сме среќно семејство и секако чувството е прекрасно да си дел од ова семејство“.




Потоа тој ја искоментира и неговата песна „We Are Blood“, за која рече:

Песната е снимена на иницијатива на Енди Рајт, тој е британски продуцент на неколку албуми на вујко ми, а воедно и на овој последно објавен албум „Secret Place“.
Искрено, јас сум многу пријатно изненаден од тоа како публиката ја прифати мојата песна и многу ми е драго за тоа.

Верувам дека дека вујко ми би ми кажал дека песната е многу убава. Најважно е што е во рок стил, кој на него многу му се допаѓаше“, изјави Кристијан во времето кога ја промовираше песната, во 2018 година.




Колку е популарен вујко ми сфатив на Градскиот стадион, на претпоследниот концерт во 2006 година, и на последниот 2007 година. Пред последниот концерт јас имав еден проблем.

Пред концертот бевме во Злокуќани, во куќата каде што живееше, игравме Плејстејшн. Јас тогаш јадев многу благо, и испив цела туба чоколаден прелив.




Пола саат пред пробарта, добив труење на желудник, и наместо на проба отидовме директно во болница, па од болница на Градски“, раскажа Кристијан кај Жаре во “Еден на еден“ како Тоше поради него ќе задоцнел на концерт.

Младиоот крушевчанец кој е популарен кај девојките добива одлични коментари за песната на Јутјуб. „Кристијан, имаш преубава боја на глас и браво, браво, браво за песната! На моменти дури и ме потсети на Тоше, тоа значи дека си со тој квалитет и дека си на добар пат“, вели еден од нив.




Иако за него велат дека ги освојува женските срца, тој не зборува многу за медиумите, а за приватниот живот малку му се знае.

Изгледа дека само една го има освоено неговото срце. Кристијан неодамна сподели инста стори со извесна Ања, на која и честиташе роденден, а на сликата изгледаат многу блиски.

Кристијан најмногу го сака неговото Крушево, но сега објави слика од уште едно место каде што го наоѓа својот мир, а тоа е манастирот Свети Јован Бигорски.




За потсетување, манастирот Свето Преображение во Крушево е местото кое Тоше многу го сакаше и вложи во неговото реновирање.




Претходна статијаЛоба кидна на одмор кај што нема Македонци и објави слика од која застанува здивот (ФОТО)
Следна статијаНе било се мазно во љубовта на Боба и на Брена, ова е нивнната вистинска приказна