Познато е е дека поранешната сопруга на легендата Пепи Бафтировски, Ава Керш долги години живее во Чикаго, и покрај тоа што со Пепи се раздели уште пред тој да замине од овој свет, осѕанаа во добри односи.
Пепи Бафтировски беше еден од најпознатите фолк пејачи на македонската сцена. Се прослави со песната „Сине мој“ која ја снимаше на почетокот од деведесеттите години на минатиот век, како повратник од печалба во САД.
Но и покрај тоа што беше голема ѕвезда во својата држава, Пепи не беше задоволен од третманот на луѓето од естрадата во Македонија и повторно реши да замине „преку големата бара “, но овој пат со сопругата Ава Керш, ќерката Марина и синот Емил.
Тој заедно со семејството во Америка заминува во 2003 година каде е решен да започне нов живот.
Но, по неколку години заеднички живот во туѓина, Пепи и Ава ќе се разделат во 2007 година, а по некое време на пејачот ќе му биде диjaгностициpaна и теш ката бoлecт – кан цер на белите дробови.
Пепи по кратко боледување, ќе ја изгуби битката со болecта во април 2008 година, на 66 годишна возраст и само пет години по неговото повторно доаѓање во Америка.
Откако му била дијагнocтицирана болеста, бил хocпитализиран, а неговите пријатели од САД преку Интернет упатија апел за да се соберат финансиски средства за тој да се врати во Македонија, што била една од неговите најголеми желби во неговите последни денови од животот.
Неговата поранешна сопруга Aва Керш, која се уште живе во Чикаго, за „Фокус“, демантираше дека последната желба на Пепи била да по чива во Македонија.
– Чувствувам празнина без него… Го изгубив мојот најголем пријател пред кого пеев, играв, се смеев, и пред кого можев да зборувам со часови, а тој да ме слуша со најголемо внимание.
Јас сум жена која го имаше целото внимание на светот. Со него се чувствував како да снимав филм во кој главната улога ја играв јас. Празните зборови кои сега се пишуваат за нас, повеќе не дозволувам да ме вознемируваат – вели Ава за „Фокус“.
На некој начин, јас сум веќе навикната на се. Ова не е ништо во споредба со она што доживеав кога јавноста дозна дека ние сме заедно, со 24 години разлика во возраста. Претпоставувам, тоа е дел од музичкиот живот“, изјавила Керш.
Таа откако со Пепи се пресели во 2003 година работи во здравството, во Лојола Универзитетот, но остана активна и на тамошната сцена и учествува во популарни танцувачки шоу програми.
А како денес изгледаат и што прават синот и ќерката на Пепи и на Ава? Синот Емил е студент по медеицина на Универзитетот во Чикаго.
Според сликите што ги споделува тој е момче кое сака да се дотерува, но е доста посветен на својата идна професија. Марина пак, ќерката на Пепи и на Ава е мажена и има две деца машки деца. Таа многу личи со својата мајка.
Aва продолжи посветена да се занимава со танцот и очигледно е едека оваа активност ја подмладува и ѝ годи. Таа објави слика со своите колеги од танцувачкото студио Celebrity Dance Studio, сликани во Балската кристална сала во Чикаго.
На сликата, Ава изгледа како да е во цутот на младоста а на официјалната страница на нејзиното танцувачко студио пишува дека тие се многу радосни што пак се вратиле на танцувачкиот подиум.
Ава никогаш не го заборава Пепи, па така таа на Фејсбук сподели емотивен спомен на доајенот на македонската музика. Платформата Види вака објави прилог по повод 30 години од албумот „Заветна“ на Пепи Бафтировски.
Безвременската „Заветна“, насловна песна на изданието на РТС со 1991 година, Бафтировска првпат ја пее на 8-ми септември, на прославата на осамостојувањето на Македонија.
Песната, напишана од Ѓорѓи Барбаровски, во аранжман на Миле Брабаровски и Живојин Глишиќ, се смета за неофицијална химна за судбината на Македонија. „Ако згрешам“, „Самотна“, „Само една песна“, се дел од безвременскиот албум.