Аргирета Атева: Случката со Св. Сисој Велики и Александар Македонски отсекогаш ме восхитувала

0

Аргирета Атева во свој постар статус пренесува кој е Преподобен Сисој Велики, а подолу, ја прераскаѓжува и случката кога Свети Сисој го пронашол гро бот на Александар Македонски:




„Денес, го славиме споменот на Преподобен Сисој Велики. Родум Мисирец и ученик на Св. Антониј. После см р-тта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител.




Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мр тви.




Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнуваа барајќи поука. Пред упокојувањето лицето му заблеска како сонце. Монасите стоеја околу него и ѝ се восхитуваа на оваа појава. А кога светителот ја испушти душата, одајата се исполни со прекрасно благоухание.




Се упокои во длабока старост, во 429 година. Ги учеше Св. Сисој монасите: „Какво искушение и да го снајде човекот, тој треба да ѝ се предаде на волјата Божја и да признае дека искушението се случило заради неговите гревови.




Ако пак се случи нешто добро, треба да се каже дека станало по Божја Промисла“. Монах го праша авва Сисој: „Како да Му угодам на Бога и да се спасам?“ Му одоговори светителот:




„Ако сакаш да Му угодиш на Бога, излези од светот, оддалечи се од земјата, остави ја тварта, пристапи кон Создателот, соедини се со Него со молитва и со плач и ќе најдеш спокојство и во овој и во оној век“. Монах го запрашал авва Сисој:




„Како да го достигнам смирението?“ Му одоговори Светителот: „Кога некој ќе се извежба да го признава секој човек за подобар од себеси, ќе го стекне со тоа смирението“.




Амон му се жалел на Сисој дека не може да ги запомни мудрите изреки што ги прочитал и да ги повтори кога разговара со луѓето. Му одговорил светителот: „Тоа не е нужно. Потребно е да се стекне чистота на умот и да се зборува од таа чистота, полагајќи ја надежта во Бога“.




Според преданието за Свети Сисој Велики еднаш, во пустината, го пронашол гробот на Александар Македонски. Кога го видел, размислувајќи за упокојувањето, се уж аснал и рекол:




„Колку голем човек беше, а сепак сега е само прав и пепел… Додека беше жив, целиот свет ти беше тесен, а еве сега и овој ковчег ти е премногу широк”… го затворил ковчегот и никому не го покажал.

Пред многу години кај некој свет отец имав прочитано дека Св. Сисој Велики никому не кажал за Александар Македонски, затоа што знаел дека луѓето ќе се караат за него.




И така, ние наместо да учиме од светителите, сѐ уште постапуваме како земни и душевни…“

Претходна статијаФраерот одел со 3 женски истовремено – го фатија, се здружија и сега со камп автобус шетаат заедно
Следна статијаУтре е Благ ден, Света Недела – еве што треба да направите и од што да се ослободите